ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Пендаровски не добија датум за почеток на преговори во јуни
Република Македонија повторно извиси, Заев и Пендаровски не добија датум за почеток на преговори во јуни оваа година.
Заев и Пендаровски ги лажат граѓаните цела година дека во јуни ќе почнат преговорите за влез во ЕУ. Заев и Пендаровски добија ладен туш.
Во ЕУ не се оди со криминалните шеми – „евро за црквата, евро за Вицето“.
Во ЕУ не се оди со нереформирано судство и обвинителство, кое суди по принципот Заев кажува, Русковска обвинува, Кацарска пресудува.
Во ЕУ не се оди со партизирана администрација наполената со роднини на функционерите на власта. Мира Дизел вработувањата не се европски стандард.
Во ЕУ не се оди со руинирано здравство, девастирано земјоделие и лошо образование.
Во ЕУ не се оди со јавен долг кој галопирачки за една година порасна за над половина милијарди евра.
Во ЕУ не се оди со 0 оценка за стопанството.
Во ЕУ не се оди со криминални тендери во четири очи кои ги добиваат партиски послушници.
Во ЕУ не се оди со рекет на бизнисите и пљачкање на граѓаните.
Глас за Пендаровски е глас за Заев. Глас за Пендаровски е глас за пропаст на државата.
Република Македонија мора да тргне напред. Република Македонија мора да стане правна држава, каде ќе владее правото. Гордана Сиљановска Давкова е претседател кој ќе ги донесе промените. Глас за Сиљановска е глас против Заев и криминалите на Заеви. Глас за Сиљановска е глас за просперитетна иднина.
Ново на Сител
-
Променливо време со дожд и во наредните денови
-
Претрес во Кочани, пронајден пиштол, приведен насилник
-
Македонија се задолжува 50 милиони евра
-
Џафери: Арсовска да ја искоси тревата во дворот на Владата
-
Џафери за бојкотот на претседателските избори: Груби не е влада, ниту партија
-
Зеленски и ја честита победата на Сиљановска-Давкова
-
Сплит: Вработена му помогнала на муштерија да хакира машина за игри на среќа
-
Повлечени 104.000 пакувања леб во Јапонија откако во две биле пронајдени траги од глувци