ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Црвенковска освен партијата СДСМ, ги поврзува и замешеталството во пропаѓањето на Еуростандард
Сопругот на Павлина Црвенковска ново назначената претседателка на Судски совет, исто како и Заеви преку неговата фирма земал кредит од Еуростандард банка, и не го вратил.
Покрај тоа што истата била шеф на кабинет на Бучковски и функционер во владите ма СДСМ, Црвенковска има уште една поврзаност со врвот на СДСМ.
Црвенковска не е и не може да биде непристрасна затоа што е партиски функционер од СДСМ кој низ годините била на високи позиции.
Црвенковска никогаш не била судија, а треба да оценува судии.
Небулозите на СДСМ немаат граници.
Ја повикуваме ДКСК да го забрза случајот со Црвенковска, а ЈО да отвори случај за можни злоупотреби.
Црвенковска да си даде оставка. Нејзиниот кредибилитет е нарушен, а со тоа и се доведуваат под знак прашалник сите нејзини одлуки.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Можноста да се одблокираат преговорите со ЕУ, како и за позициите на земјава во однос на таквите напори во фокусот на средбата Мицкоски-Туск
-
Зеленски го отфрли планот на Трамп за Украина
-
Главчев: Бугарија го поддржува приемот на Западниот Балкан во ЕУ доколку се исполнат поставените услови
-
Дисциплински мерки за двајца полицајци од „Долно Блаце“ во врска со преминувањето на Груби
-
Мицкоски од Брисел: Нашето место е во ЕУ, да бидеме рамноправна и полноправна членка
-
Едно лице загина, а едно е хоспитализирано во пожар во куќа во Скопје
-
Димитриеска-Кочоска за цените на прехранбените производи: Одлуката е на Владата како колективно тело, а не поединец
-
Во Косово спречен шверц на стока од Северна Македонија вредна 30 илјади еврa