ВМРО-ДПМНЕ: Заев дезертираше
Зоран Заев среде кризна состојба избега на одмор. Цела држава ја остави во пламен и отиде да се сонча по грчките плажи со неговата министерска свита како Филипче и Маричиќ. Заев покажа целосна несериозност, неодговорност и ја покажа сета негова бесчувствителност, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Среде кризна состојба ги остави државата и граѓаните. Капитулантски, дезертерски и предавнички чекор. И во тоа ужива. Сега само заради изборен маркетинг, Заев се врати на фотографирање во пепелосаната Македонија. Среде пепелот, Заев се појавува во блуза Астон Мартин од 500 евра и со лакирани чевли. Заев дезертертираше, а денеска со лакирани чевли и Астон Мартин маичка од 500 евра не се гаси пожар, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Велат дека наместо помош, граѓаните добија фотографии.
Ново на Сител
-
Зошто пожарот во „Пулс“ беше толку смртоносен?
-
Тема на денот со премиерот Христијан Мицкоски
-
Истрагата за пожарот - убиец проширена со седумина полициски службеници
-
Притвор за приведените полициски службеници
-
Продолжен притвор
-
Владата препорачува утре да биде неработен ден во Кочани
-
Манев: Палчо запали цигара откако ја закопавме Вања, ги чистеше лопатите со спреј за да прикрие траги
-
Приведени 7 полициски службеници