ВМРО-ДПМНЕ: Заев даваше насоки за приватизација на Пошти уште во 2020-та
Генералниот секретар на владата на заевизмот, Мухамед Зекири, кој патем е и кумашин на Зоран Заев, не можел да направи криминал ако за тоа не знаел неговиот претпоставен.
Се работи за криминал тежок еден милион евра кој што Зекири од позиција генерален секретар на влада го направил преку договор во четири очи без тендер со хрватски државјани кои ги ангажирал да му изработат „семинарски труд“ за приватизација на Македонски пошти.
Дека Зоран Заев знаел за ваквите активности на Зекири посочува и фактот што Заев самиот најави дека неговата влада ќе подготвува приватизација на Македонски пошти. Заев уште во октомври 2020 најави дека работат на приватизација на ова претпријатие и на уште неколку други. Зекири го сторил делото во април 2021 година. Веројатно Заев наредил, а Зекири спроведувал. Затоа надлежните органи мораат да ја прошират истрагата и да утврдат дали и колку од овие милион евра завршиле кај главата на мафијата во Македонија? Дополнително врз основа на насоката на Заев за приватизација на државни компании, обвинителството треба да испита дали е ова прв и единствен криминал на Зекири, или имало и други кривични дела пред ова, или потоа?
Ново на Сител
-

Најмногу снег и најстудено на Попова Шапка
-

Во Белгија прогласен „портокалов аларм“ за опасност од респираторни инфекции
-

Денеска се празнува Собор на Светите Седумдесет aпостоли
-

Азербејџан почна да испорачува природен гас за Германија и Австрија
-

Лазаров: Мораме да извлечеме добри поуки од натпреварот со Данска
-

Меѓународна научна конференција „Охрид- Водици 2026“
-

Зеленски: Русија подготвува нови масовни напади врз Украина
-

Локални врнежи од дожд и снег, магла во котлините
