ВМРО-ДПМНЕ: Заев да објасни зошто со ребалансот има пари за администрацијата која седеше дома, а нема за други
Заев да објасни зошто со ребалансот има пари за партиската администрација која седеше дома, а нема пари за земјоделците, невработените и бизнисот кој е во криза.
Власта на Заев со ребалансот на буџетот не нуди развоен концепт и поддршка на стопанството, туку безобразен предизборен поткуп.
Ова значи дека парите наместо во инвестиции, индустрија, реалниот сектор погоден од кризата, угостителите, занаетчиите, земјоделците и други засегнати групи и сектори ќе се потрошат краткорочно за ублажување на катастрофалниот пораз на Заев.
Сето ова Заев не го прави со пари кои успеале да се акумулираат изминатите години, туку со нови и нови задолжувања. Така буџетскиот дефицит е планиран да достигне над 6% или приближно 210 милиони евра нов долг ќе им се стави на товар на граѓаните. Тоа е околу 500 евра нов долг за секое семејство, само заради краткорочниот популизам, неодговорност и поткупот на власта на Заев.
Секое семејство само со овој ребаланс го задолжува за 500 евра.
Јавноста досега виде дека со Заев нема инвестиции, нема нови капитални објекти, нема развој, туку безобразно трошење и галопирачки долг кој веќе ќе наближува на 7,5 милијарди евра.
Овој долг кој сега Заев го прави заради купување на денови социјален мир, скапо ги чини граѓаните.
Затоа 4 години власт на Заев се 4 изгубени години за граѓаните и економијата.
Доста е!
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Ахмети влезе во директна војна со огнените на митингот во Чаир
-
Нова казна за инвеститорот кој гради позади Универзална
-
Новите здруженија аплицираа на повикот за приватни и превозници во Град Скопје
-
Платформата за родова еднаквост со порака до црквата да стои подалеку од женските права
-
Со дебата на француски јазик во Собранието младите го одбележаа месецот на франкофонијата
-
Њујорк се подготвува за обвинение против Трамп
-
Почна пријавувањето на приватните превозници
-
Ќе се увезуваат работници од Непал, Бангладеш и Пакистан