Македонија
24. January 2017 - 9:30

ВМРО-ДПМНЕ: Заев бара начин да ја избегне правдата во случајот „Поткуп“

ВМРО-ДПМНЕ денеска осврнувајќи се на вчерашното одложување на судскиот процес за случајот „Поткуп“ во кој лидерот на СДСМ Зоран Заев е обвинет за барање поткуп, оценува дека тој бара начин да ја избегне правдата.

Во соопштението ВМРО-ДПМНЕ наведува дека со вчерашното одложување на судскиот процес и барањето да бидат изземени јавните обвинители, Заев избрал нова тактика за да не одговара пред законот.

Според ВМРО-ДПМНЕ, Заев сака да соработува само со Специјалното јавно обвинителство, кое, како што се наведува, му ја подарило втората аболиција.

- Зоран Заев ќе одговара за криминалот и ќе врати се што украл по истиот принцип по кој крадел: евро по евро, назад кај оштетените граѓани, се вели во соопштението.