Македонија
14. August 2017 - 14:48

ВМРО-ДПМНЕ: Забрзано задолжување на државата

ВМРО-ДПМНЕ денеска упати обвинувања до Владата за забрзано задолжување на државата, намалување на девизните резерви и неисполнување на ветувањата.

 - Секој ден нашата држава по основ на државни хартии од вредност се задолжува за 1,5 милион евра. За секој поминат час се задолжува за 62.500 евра додека секоја одмината минута задолжувањето изнесува 1.050 евра, се вели во соопштението. 

Според ВМРО-ДПМНЕ, министерот за финансии Драган Тевдовски,  како што стои во соопштението,  за 70 дена го задолжил секој македонски граѓанин со над 3.100 денари и ги намалил за 126 милиони евра девизните резерви.

- СДС во предизборниот период ветуваше кули и градови, но граѓаните добија само задолжување за кое нема никакво објаснување. Единствено е јасно дека овие народни пари не одат за ветената минимална плата од 16.000 денари, ветената просечна плата од 30.000 денари и плата од 100.000 денари за докторите, бидејќи нив се уште ги нема, а граѓаните и докторите ги очекуваат, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.