ВМРО-ДПМНЕ: За влез во ЕУ се потребни реформи и многу работа
Зоран Заев ќе ги изгуби претстојните предвремени парламентарни избори. Тој тоа го знае и затоа излегува со панични интервјуа во кои сите му се виновни. Премиерот во заминување се удави во криминал, ги продаде националните интереси и не доби датум за почеток на преговори со ЕУ, а сега се обидува да се амнестира.
Ниту Макрон, ниту било кој друг политичар од Европа го лажел Заев дека ќе влезе во ЕУ ако го смени името на државата. За влез во ЕУ се потребни реформи и многу работа. Заев не го испорача ниту едното, ниту другото.
Власта на Заев не им даде доволно аргументи на нашите меѓународни пријатели кои константно ни помагаат да добиеме датум. Криминалот, корупцијата и рекет аферите се клучната причина зошто Македонија извиси. Тоа граѓаните го знаат и затоа ќе го испратат Заев во историјата, а СДСМ во опозиција.
На граѓаните им е доста од криминал, корупција и рекет. Граѓаните бараат обнова. Граѓаните сакаат државата да тргне напред и затоа во огромно мнозинство го поддржуваат ВМРО-ДПМНЕ.
Доаѓа крај за СДСМ и почеток за обнова на Македонија.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНE
Ново на Сител
-
Доживотен затвор за Усеин Р. кој со 42 убоди од нож ја уби Танкица Младеновска од Кочани
-
Училиштата каде што ќе се гласа на изборите, на 23 април и 7 мај ќе работат до 11 часот
-
„Сакаме да јадеме нешто“: Илјадници патници заробени на аеродромот во Дубаи
-
Во поплавите во Пакистан и во Авганистан загинаа приближно 140 луѓе
-
Одреден притвор за заменик директорот на косовската полиција, останатите полицајци ослободени
-
Битолчанец со воздушна пушка од својот балкон пукал кон куче скитник
-
Петмесечно бебе со пертусис хоспитализирано во прилепската болница
-
Во Велес исчезна 56-годишен маж