ВМРО-ДПМНЕ: За нас Рускоска е далеку од прифатливо решение
ВМРО-ДПМНЕ не го прифаќа предлогот на премиерот Заев Вилма Рускоска да го води новото обвинителство за организиран криминал и висока корупција. За предлог законот кој вчера го презентираше премиерот од опозицијата велат дека се уште немаат направено комплетна анализа и дека се додека не го сторат тоа, партијата ќе продолжи да работи на развој на своето решение за Законот за јавното обвинителство. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека укинувањето на СЈО за нив е потврда на се она што партијата го зборувала во минатиот период, односно дека станува збор за „дувло на криминал и корупција“. За предлогот Рускоска да го води новото обвинителство од ВМРО-ДПМНЕ со јасен став дека тоа е далеку од прифатливо решение бидејќи станува збор за како што велат обвинител кој работи под команда на премиерот Заев и испорачува обвиненија за секој кој што ќе го крене гласот против како што велат криминалната власт. Вчера премиерот Заев на прес конференција најави предлог законско решение за Јавното обвинителство со кое практично се укинува СЈО и се интегрира во постојното Обвинителство за организиран криминал и корупција под ново име, „Обвинителство за организиран криминал и висока корпуција“.
Предлогот на Премиерот доаѓа во екот на аферата „Рекет“ во која две лица добија притвор откако обвинителството ги осомничи дека рекетирале бизнисмени и им ветувале ублажување на казните и ослободување од кривично гонење во процеси кои се водат пред СЈО. Медиумите шпекулираат дека во целиот предмет вмешана е и Специјалната обвинителка Катица Јанева која истиот ден си поднесе оставка. Предлог законот, според она што вчера го најави премиерот треба да се најде во Собранието во текот на наредната недела. За да биде донесен овој закон ќе биде потребно двотретинско мнозинство, односно глас од најмалку 80 пратеници.
Александар Спасовски
Ново на Сител
-

Египет прогласи 35 исламски организации во Европа за терористички, меѓу нив и здружение од Македонија
-

Општина Центар додели 149 субвенции за возачка дозвола, младите добиваат по 10.000 денари
-

Верижен судир во Јужна Кореја - Автобус удри во 32 возила, повредени се 48 лица
-

Компаниите што редовно исплаќале плати преку „АЛТА банка“ ќе можат да вршат исплата на плати и придонеси
-

Хорор во психијатриска болница во Загреб: 32-годишник починал по брутален третман од медицински техничари – го врзале, тепале и гушеле со перница
-

Најтопло утрово во Демир Капија и Претор, најстудено во Берово и на Попова Шапка
-

Бебе пронајдено живо откако 24 часа минало закопано во плиток гроб во САД
-

Полска одбележува 108 години од независноста
