ВМРО-ДПМНЕ: Време е Ахмети и ДУИ да одат во опозиција
Јавноста сака да знае како Дрин Ахмети, внукот на Али Ахмети, кој има 24 години, го купи бизнис центарот Соравиа за 30 милиони евра.
Од каде му се на внучето Дрин, 30 милиони евра и дали институциите го проверија потеклото на парите. Очигледно ниедна институција не смее ни да помисли нешто да проверува за овој случај, бидејќи истите се партизирани и се во служба само на богатење на функционерите од власта.
На ДУИ не и бега опозиција за неколку месеци, бидејќи се претвори во криминален картел, каде градоначалникот на Струга Мерко, веќе е ставен на црна листа на САД, поради криминални активности, братот на Груби купува дуќани, во центарот на Скопје по багателна цена, а сега дојдоа на ред и нивните внуци, како младиот "претприемач" Дрин Ахмети.
За многу кратко, доаѓа времето кога одговорност ќе има за секој еден криминал кој е направен, без разлика, кој како се вика и презива.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Екс директорот на затворот во Шутка осуден на осум месеци затвор
-

Негуватели на стари лица оставени без хонорар за Нова година
-

Скопје се подготвува за дочекот на Новата година
-

Пораки од државниот врв
-

Внимавајте со храната и алкохолот за новогодишната ноќ
-

Половина буџет оди во чинија: Македонецот изел 170 килограми леб, а само килограм и пол цреши
-

Последени моменти од 2025 година
-

Охрид во очекување на Новата година
