ВМРО-ДПМНЕ: Во СДСМ владее паника, заврши „златното доба“ на Заев и Спасовски
Криминалците во СДСМ и во МВР се во паника зашто нивното „златно доба“ заврши.
Примислав Димовски кој исцица 40 000 евра пари на граѓаните за наводна соработка со криминализираното СЈО веќе нема да може да наплаќа услуги и ангажмани на рекетари.
Заврши времето на криминалната коалиција на СДСМ со подземјето. Заврши времето кога МВР на чело со Оливер Спасовски му слугуваше на криминалот. МВР повеќе нема да ги отплаќа долговите и нема да работи за концесиите на Заев кон подземјето кое изминатите три изборни циклуси се стави во целосна служба на овој човек.
Јасно е зошто Заев, Спасовски и Петровска штитеа и форсираа криминоген лик како Драган Симоновски. Притворениот Симоновски беше осомничен дека злоупотребувал класифицирани податоци за да изнудува пари, па унапреден во началник. Логично решение само за криминалците од СДСМ.
Никогаш да не се повтори!
Неспособниот Лазе Велковски, пред очите на целата македонска јавност ја злоупотреби својата службена положба користејќи го службеното возило за да ја развозува својата ќерка. Од Заев и Спасовски беше награден со челна позиција во Одделот за организиран криминал.
Никогаш да не се повтори!
МВР на чело со новиот технички министер ќе работи професионално и одговорно во служба на македонските граѓани. Улиците нема да бидат препуштени на криминалците.
Тука е крајот на политичарите кои наместо да ги гонат се сликаа со криминалци, рекетари, бандити. Тука е крајот на коалицијата на полицијата со криминалот. Во СДСМ владее паника, стравот на Заев, Спасовски и сите нивни соработници е голем бидејќи и самите се свесни дека после 12 април ќе одговраат за стореното.
Ново на Сител
-
ОЈО: Пред убиствата вујкото му ја препишал куќата на внукот, имало неразрешени семејни недоразбирања
-
Во куќата на убиецот се пронајдени трите тела во Прилеп - Фрлил бомба кон полицијата пред да се самоубие
-
Рускиот министер за надворешни работи пристигна во посета на Кина
-
За осум часа 128 сообраќајни прекршоци на територија на СВР Скопје
-
Сиљановска-Давкова на отворањето на „Охридско лето“: Во фестивалот се вткаени цели епохи на музичката, драмската и ликовната уметност
-
Русија во текот на ноќта соборила 36 украински дронови
-
На Табановце зголемена фреквенција на возила, се чека 40 минути
-
Вујко убил внук и татко на внук по што се самоубил во Прилеп