ВМРО-ДПМНЕ: Во истиот ден кога Каевски се фалеше дека го заштитиле идентитетот, демантот стигна од Бугарија
Кој го намести младиот олигарх Дарко Каевски поразот да го прославува како победа, во истиот ден кога се фали СДСМ, демант стигна од Бугарија?
Имено, според препораките Цар Самоил, Св. Кирил и Методиј, Климент и Наум Охридски наместо македонски ќе се чествуваат како заеднички историски личности со Бугарија.
Владата и Ковачевски го пробија дното. Има ли кормило во бродот кој тоне?
Владата, Ковачевски, Османи и Маричиќ се откажаа од се што е македонско и прифатија Цар Самоил да е бугарски цар, а Кирли и Методиј, Св. Климент и Наум Охридски твореле во бугарска држава.
Препораките на комисијата се да се менуваат учебниците по историја во Македонија, со ова Ковачевски и СДСМ свесно се откажува од македонската историја и македонскиот идентитет.
СДСМ и Ковачевски секој ден вршат национално предавство на македонскиот народ и држава.
Наместо да излегуваат на прес конференции и да даваат паушални изјави, и предавството да го претставуваат како победа, веднаш да се охрабрат и да прифатат референдум за народот да може да одлучи.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
ЦУК: Активни пет, изгаснати 19 пожари
-
Биткоинот за првпат во историјата над 120.000 долари
-
Продолжува амандманската расправа за ребaлансот на Буџетот
-
Трамп: САД ќе испратат контингент ракети „Патриот“ во Украина
-
Макрон пред Денот на Бастилја: Слободата никогаш не била толку загрозена како сега
-
Палмер по триумфот на Челзи на Светското клупско првенство: Сите се сомневаа во нас
-
Сончево и топло, до 39 степени
-
На граничните премини Табановце и Богородица се чека околу 30 минути