ВМРО-ДПМНЕ: Во ЕУ не се оди со рекет и криминал
Македонија нема датум затоа што во ЕУ не сакаат да си имаат работа со криминалците од ДУИ и СДСМ.
Македонија е на 111 место на листата на Транспаренси. Заев ја бетонира државата на врвот на криминалот и корумпираноста.
Во ЕУ не се оди со рекет и криминал. Во ЕУ не сакаат премиер на држава кој е аболициран за криминал, и чиј пти брат се спомнува како лице кое барало рекет од фирми кои вршат работи добиени на тендер.
Во ЕУ не се оди со нерасчистени случаи за криминал како случајот со Ден Дончев, кој сите го видовме како трпа туце пари во торба, ниту пак за Заев, кои беа посочени дека кај нив завршиле парите од аферата Рекет, и тоа лично од човекот кој ја носеше торбата полна милиони.
Во ЕУ не поминува “зелената агенда” која ги труе граѓаните на градовите каде токму тие зелени се власт. Кичево, Тетово, Струга и други тонат во смет. А тендерите врват.
Заев не може да ја однесе Македонија во ЕУ, Заев е политичар потонат во криминал и корупција.
Заев мора да си оди, за Македоника да тргне напред. Да ставиме крај на поделбите на Заев и СДСМ, на граѓани од прв и втор ред. Македонија за сите луѓе!
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Кипар активира систем за алармирање и засолништа поради судирот Израел-Иран
-
Германија, Франција и Велика Британија нудат итни преговори со Иран за нуклеарната програма
-
Над пет милиони Американци на протести против Трамп за време на одржувањето на воената парада во главниот град
-
Репрезентативец на Албанија доби мурал на ѕид на тетовско училиште
-
Трамп: САД немаат ништо со нападот врз Иран
-
Херцог жали за жртвите од иранскиот ракетен напад: Многу тажно и тешко утро
-
Три сообраќајки вчера во Тиквешијата
-
Несреќа со воздушни балони во Турција: Еден загинат, 19 повредени