Македонија
18. January 2016 - 14:09

ВМРО-ДПМНЕ во целост ја прифати методологијата за прочистување на Избирачкиот список

ВМРО-ДПМНЕ денеска соопшти дека ги повлекува сите амандмани и забелешки на методологијата за прочистување на Избирачкиот список и ја прифаќа во целост онака како што Државната изборна комисија (ДИК) ја подготвила.

- ДИК има законска надлежност, капацитет и целосна поддршка од државните институции да го прочисти Избирачкиот список и да ги преземе сите неопходни активности за спроведување фер и демократски избори. ВМРО-ДПМНЕ ја охрабрува ДИК да работи согласно законот и да вложи максимални напори за исполнување на обврските за кои има доволно време и сите институции да ги исполнат обврските за слободни, фер и демократски избори и градење на демократска атмосфера, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.