ВМРО-ДПМНЕ: Власта се фали дека ги враќа парите назад кај граѓаните, трошоците за живот растат

СДСМ продолжува дрско да ги лаже и манипулира граѓаните на Република Македонија. Речиси три години македонскиот граѓани е жртва на криминалната и неспособна власт предводена од аболицираниот Зоран Заев.
Криминалната банда на власт денеска се пофали дека вратила 200 денари кај македонскиот граѓанин со намалувањето на цените на парното, а притоа ,,забораваат” да споменат колку милиони евра земаа директно од џебот на граѓанинот преку погубните економски политики.
,,Забораваат” да споменат за колку илјади денари го скратија домашниот буџет на секое едно семејство со зголемувањето на акцизата на нафтата со што вртоглаво пораснаа ценита на горивата.
,,Забораваат” да кажат колку пари земаа од џебот на обичниот граѓанин преку зголемените даноци.
Популизмот на СДСМ не може да го покрие осиромашувањето на граѓаните кое секојденвено се случува. Додека криминалната власт предводена од аболицираниот Заев преку штури соопштенија се фали дека ги враќа парите назад кај граѓаните, трошоците за живот растат. Јавниот долг е во континуиран раст, а капитални проекти нема. Повеќе од 500 илјади македонски граѓани живеат со еден оброк во денот, живеат во сромаштија. Просечниот македонски граѓанин не може да си дозволи да оди на одмор, 61 процент од граѓаните на Република Македонија немаат средства да заминат на годишен одмор. Македонските граѓани бегаат од ,,животот” кој го донесе СДСМ, повеќе од 80 проценти од Македонците сакаат да си заминат од Република Македонија, токму поради штетните политики на СДСМ.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Православните христијани го слават Бадник
-

Променливо облачно со повремен локален дожд и наместа засилен ветер од јужен правец, од утре дожд и снег
-

Топ-листа на десетте најдобри божиќни филмови на сите времиња
-

Мадуро пред судот во Њујорк: Јас сум киднапиран и сè уште сум претседател на Венецуела
-

Трамп ги предупреди Гренланд, Колумбија, Мексико, Куба и Иран
-

Алонсо: Гарсија е совршен пример за тоа што значи да се биде производ на академијата на Реал
-

Манчестер јунајтед го отпушти Аморим
-

Го истепал вработениот на патарината Петровец, па со aвтомобилот ја скршил рампата и го напуштил местото
