Македонија
31. July 2019 - 10:08

ВМРО-ДПМНЕ: Власта продолжува да лаже дека обезбедува економски раст

Власта предводена од СДСМ и понатаму продолжува да ги лаже граѓаните дека обезбедува економски раст во државата.

Откако тие се на власт над 500.000 граѓани живеат под прагот на сиромаштија и граѓаните едвај врзуваат крај со крај.

Околу 18.500 граѓани си заминале од државата, од кои 8.000 не се ни вратиле.

Нема просечна плата од 500 евра, нема повисоки пензии како што СДСМ ветуваше во предизборието.

Доказ дека оваа власт не работи ништо е фактот што фирмите во Република Македонија уплатиле за 32% помалку данок на добивка во вториот квартал од 2019 година во однос на истиот квартал од претходната година, а во услови на проектиран раст од 3,5% кај приходите од овој данок за цела 2019 година.

Единствено нешто што граѓаните добија од оваа криминална власт на чело со Зоран Заев е покачена акциза на нафтата, поскапо гориво и нула капитални инвестиции.

Сето ова покажува дека на Македонија и се потребни предвремени парламентарни избори. ВМРО-ДПМНЕ ќе ја формира новата влада и ќе овозможи граѓаните на оваа држава да живеат подобро.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ