ВМРО-ДПМНЕ: Власта на СДСМ и Заев ја клекнаа македонската економија на колена

Власта на СДСМ и Зоран Заев ја клекнаа македонската економија на колена.
Ветуваа капитални инвестиции, покачувања на плати и пензии, младински гаранции, а од сето тоа испорачаа само афери како што се „Рекет“, „Кеш“, криминални тендери.
Ветуваа на пензионерите дека секоја година за 1-процент ќе им ги зголемуваат пензиите, а во 2017-тата на први јануари, истите тие пензии кои што со години наназад беа зголемувани им ги намалија. Го укинаа столбот каде што пензиите се нивелираа соогласно порастот на просечната плата и така секој пензионер во втората половина од 2019-тата загуби месечно по најмалку 700-тини денари.
Заев и СДСМ пред избори на младите им ветуваа младинска гаранција. Ветуваа и вистинско образование, реформирано образование, високо образование. На крај младите не добија ништо.
Земјоделците од ветените високи субвенции и загарантиран откуп за нивните производи, не добија ништо. Нивните производи секојдневно завршуваат на буниште поради незаинтерисираноста на оваа криминогена власт.
СДСМ и Заев ја враќаат Македонија во времето на транзиција, кога преку ноќ народот остануваше без работа.
Ветуваа рекордни странски инвестиции во Република Македонија, но според податоците од третиот квартал, последни сме во регионот и во Европа. Земјите од регионот се први по странски инвестиции бидејќи имаат систем кој што функционира, а не политичари кои што рекетираат. Знаат да донесат квалитетна странска инвестиција, а не да ги бркаат со уцени рекети и закани. Поради лошите политики на владата на Заев, Македонија нема да се помести ниту скалило од последното место.
На сето ова ќе дојде крај, а крајот ќе се случи на 12 април, кога оваа власт ќе замине на темните страници од историјата и ќе започне обнова на Македонија.
Обновата ќе започне кога ВМРО-ДПМНЕ ќе ја формира својата влада и кога ќе започне ера на реални и успешни мерки за доброто на државата и граѓаните.
Ново на Сител
-

Екстрадиран Саит Саитов кој во јануари избега во Србија откако прегази жена во Капиштец
-

Лавров: САД сакаат да го купат европскиот дел од Северниот тек
-

Туск: Можеби е подобро што Зеленски поради војната со ордените не доаѓа утре во Гдањск
-

ЦУК: Еден пожар активен, еден ставен под контрола, седум изгаснати
-

Мерц: Поддржете ја мојата пензиска реформа или ќе пропуштите шанса што се случува еднаш во генерација
-

УЈП: Наближува рокот за поднесување на првите даночни пријави врз основа на Законот за минимален глобален данок на добивка
-

Собранието не ја прифати интерпелацијата за министерот Тошковски
-

Инцидент во Црниче: По недоразбирање во сообраќај, возило удрило моторциклист па избегало од местото
