ВМРО-ДПМНЕ: Владата се изгласа со 62 пратеника, ништо од најавуваното зголемено мнозинство
Вчера пропадна долгонајавуваното зголемено мнозинство на СДСМ.
Владата на пиунот на Заев Ковачевски се избра со 62 пратеника, кои и досега ги имаа.
Неспособноста на оваа Влада започна уште од вчера. Владата на пиунот Ковачевски ќе има краток рок на траење.
Граѓаните се уморни од неспособноста на СДСМ и ДУИ во Влада, а по однос на легитимитетот, Ковачевски како политичар и мандатар нема изборен легитимитет.
Заев се обидува преку Ковачевски да направи мост за тивок премин и премолчување на неговите криминали, но сепак тоа нема да му успее затоа што ќе дојде судот на народот и департизираните судски институции.
Оваа украдена шанса скапо ќе ги чини Ковачевски и Заев на следните избори, кај и да е ќе стаса како резултатите така и одговорноста, бегање нема.
ДС, ДОМ и ЛДП докажаа дека се привезоци на власта. Дека се заштитник на криминалот на СДСМ ДУИ.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Израел ослободи 70 Палестинци, од предвидените 200
-
Со „паметни часовници“ до автоматски повик на 112 во ЦУК - надоградувањето на системот продолжува со напредокот на технологијата
-
Таткото на 15-годишникот што управувал со автомобил во кој е пронајдено оружје добил кривична
-
Украинските хакери го нападнаа рускиот мобилен оператор „МегаФон“
-
Украинската армија собори 46 руски дронови и две ракети
-
Се запали автобус на ЈСП во Сопиште
-
МФ: „Стандард и пурс“ ги потврдуваат напорите на Владата за забрзување на економскиот раст
-
Хамас ослободи четири припаднички на израелската армија