ВМРО-ДПМНЕ: Владата потроши многу пари,a не направи ништо во инфраструктурата
Со парите што владата на СДС ги потроши, 350 милиони евра, по основ на задолжувања и трошење на девизни резерви можеа да се изградат 11.600 километри водоводна мрежа во Македонија. Парите се потрошени, а нема ниту еден километар изградено.
Просечната вредност на 1 километар водоводна мрежа, која ВМРО-ДПМНЕ ја изгради, изнесува 30.000 евра.
СДС и Заев наместо расипнички да потрошат 350 милиони евра граѓански пари, можеше да изградат околу 11.600 километри на водоводна мрежа низ Македонија.
СДС не изгради ниту еден.
Граѓаните гледаат дека нивните пари, односно 350 милиони евра, владата на СДС и Заев ги потроши за сопствени луксузирања, опремувања на кабинети со цвеќиња, набавка на апетисани и службени патувања во странство, вработувања на партиски послушници и матни ликови.
Доколку ВМРО-ДПМНЕ беше на власт ќе продолжеше да ги спроведува и да ги реализира проектите од кои граѓаните ќе имаа голема придобивка. Ќе се продолжеше да се инвестира во подобрување на македонскиот здравствен систем, ќе се продолжеше да се инвестира и во образованието, во инфраструктурата, во носење на странски инвестиции се со цел отворање на поголем број работни места.
Крајот на ова недомаќинско работење на владата на СДС и Заев ќе заврши на претстојните локални избори на 15-ти октомври. Граѓаните ќе ја казнат лошата политика на Заев и СДС.
Ново на Сител
-
Околу 90 камиони со помош влегле во Газа
-
Потпишување на Договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство
-
Продолжува надзорната расправа за аерозагадувањето
-
Без струја корисници во Аеродром и Студеничани
-
Двајца вработени во израелската амбасада застрелани во центарот на Вашингтон
-
Каја Калас во Белград, Вучиќ: Србија останува доверлив партнер на сите кои се стремат кон соработка
-
Земјотрес со јачина од 6,1 степени го погоди грчкиот остров Крит
-
Променливо облачно и топло, попладне можен пороен дожд