ВМРО-ДПМНЕ: Владата не ги исполнува ветувањата и ги задолжува граѓаните
ВМРО-ДПМНЕ денеска преку соопштение обвини дека Владата на СДСМ не ги исполнила ветувањата дадени пред граѓаните, а единствено успеала да ја задолжи државата.
Во соопштението се наведува дека министерот за финансии секој ден распишува аукции на државни хартии од вредност, а граѓаните немаат никаков бенефит од тоа.
- Граѓаните од оваа влада за неполни 3 месеци од реформи видоа само долгови. Министерот за задолжување Тевдовски досега ја има задолжено Република Македонија со 334 милиони евра, по основ на повлечени пари од девизните резерви и издадени државни хартии од вредност. Волшебниците од СДС, за овие 80-тина дена на дневно ниво ја задолжуваат државата за речиси 4.175.000 евра, пишува ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму посочуваат дека граѓаните имаат право да знаат каде одат нивните пари и зошто државата се задолжува со толкави суми на пари.
Ново на Сител
-
Остра реторика во Европскиот парламент за извештајот за Македонија
-
30 дена кризна состојба во Македонија
-
Трет ден пожари во Скопско
-
Тема на денот со Владимир Симоновски
-
Симовски е разочаран од Уставен, пописот бил според препораки на „Евростат“
-
Претседателката ќе го чека новиот закон за да предложи нов член на Судскиот совет
-
Трет ден пожари во скопско
-
Пожар во парк-шума Гази Баба