ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДС почна да расчистува со неистомислениците
ВМРО-ДПМНЕ смета дека Зоран Заев почнал со реализација на планот да ја направи својата партија држава, а државата своја партија, а според партијата за тоа говори тоа што почнал да го остварува неговото ветување за справување и бркање од работа на неистомислениците.
- Чистките на СДС започнаа од сите кои немаат членска од партијата како втора лична карта, како што бараше пратеникот на СДС Курто Дудуш. Директори на институции се жртви на политички прогон и етикетирање со фашизоидна реторика, и без законски основ се отстранети од своите работни места, и покрај тоа што многу успешно ги воделе овие институции. СДС не ја интересираат успешни и функционални институции, туку брутална партизација и приватизирање на државата, изјави денеска Никола Затуровски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
Додаде дека со смената на 1.500 членови на сите управни и надзорни одбори на јавните претпријатија, здравствени установи, центри за социјална работа, агенции и други правни лица, новата Влада ги парализирала сите овие правни субјекти.
- СДС тврдеше дека администрацијата била пренатрупана, а веднаш по доаѓањето на власт започна да ја полни со свои партиски војници и профитерите од невладиниот сектор кои наместо коректив на власта беа одработувачи за агендата на СДС. Сите овие дилетантски акции на СДС ќе ги платат македонските граѓани со повеќе од 100 милиони денари годишно кои СДС ги испланира во новиот буџет за привремени партиски вработувања на војници и послушници, истакна Затуровски.
Ново на Сител
-
Новата ракометна сезона почнува на 6 септември, на стартот Алкалоид – Охрид
-
Дивац опериран по сообраќајна несреќа во Црна Гора
-
Мбапе пуштен од болницата во Мајами
-
Истрага против две лица за тешката сообраќајна несреќа во Охрид
-
САД распоредуваат трет носач на авиони поблиску до конфликтот на Блискиот Исток
-
„Амазон“ ќе произведува 10.000 самоуправувачки „роботакси“ - возила годишно
-
Дисциплинската комисија на ЈОРСМ утврдила крупни грешки кај шефот на Вишото јавно обвинителство
-
На граничните премини Богородица и Табановце од македонска страна се чека до половина час