Македонија
22. September 2022 - 9:08

ВМРО-ДПМНЕ: Владата е составена од дезертери и луѓе со дијагноза трајно неспособни

Владата е составена од дезертери и луѓе со дијагноза трајно неспособни, Ковачевски да подлежи на испитување на деловната способност

Дезертерот Ковачевски е трајно неспособен, тоа е дијагноза, која сам ја пријавил во АРМ.

Ако е трајно неспособен за војска, како е способен за извршување на функцијата премиер?  И дали затоа бега од утврдување на неговата деловна способност?

Дезертерот Ковачевски избегнал служење војска на сопствената држава во време кога Македонија се соочуваше со воен конфликт и голем број на граѓани самоиницијативно се приклучуваа во АРМ.

Со ова дезертерот Ковачевски докажува дека не се бори ниту за државата, ниту за граѓаните, туку за сопствениот интерес и бенефит.

Дезертерот Ковачевски мора да собере храброст и да одговори кога ја лажел јавноста кога изјави дека не отслужил воен рок бидејќи бил на студии или кога поднел документ дека е трајно неспособен.

Доколку дезертерот Ковачевски не одговори тогаш вистината е дека тој навистина е трајно неспособен.

Дополнително, потребно е испитување на деловната способност на дезертерот Ковачевски бидејќи истиот може во наредниот период да нареди извршување на дејствија и донесе несоодветни одлуки кои што ќе бидат на штета на државата и на граѓаните, и притоа да избегне кривична одговорност со документот дека е трајно неспособен.

Владата на антимакедонската СДС е составена од дезертери и луѓе со дијагноза трајно неспособни. Претходно Талат Џафери дезертираше од АРМ, а сега и Димитар Ковачевски.

Не може дезертери од АРМ да бидат на високи раководни позиции.

На државата и се потребни способни луѓе кои што ќе можат соодветно да одговорат на сите предизвици.

Затоа е потребно оставка и распишување на предвремени парламентарни избори.

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ