ВМРО-ДПМНЕ: Владата да донесе одлука за 100-процентно обесштетување на овоштарите
Владата да донесе итна одлука за 100-процентно обесштетување на овоштарите и за најмалку 50 отсто да ги зголеми субвенциите за одржување на овошните насади, апелира денеска ВМРО-ДПМНЕ.
Партијата воедно предлага државата да се вклучи во пронаоѓање нови пазари за извоз на праски, како и во заштита на македонските земјоделски производи.
- ВМРО-ДПМНЕ третпат ги повикува министерот и СДС, наместо со парцијални решенија и општи изјави по медиумите, веднаш да ги преземат четирите основни чекори. Вакви мерки беа носени во минатото со цел на земјоделците да им се излезе во пресрет и да им се помогне во надоместување на штетата, рече Весна Пемова на прес-конференција.
Според неа, СДСМ и министерот за земјоделство имаат одговорност пред граѓаните и земјоделците да работат во нивен интерес и да ги решаваат нивните потреби и проблеми.
- Додека македонските праски скапуваат, имаме информации дека се увезуваат преку 1.200 тони евтини праски од соседството. Времето одминува, а нема никаков ефект од празните прес-конференции и флоскули на Љупчо Николовски, нагласи Пемова.
Мерката од шест денари поддршка за килограм предадена праска кај откупувачите не значи, рече, никаква поддршка.
- Откуп воопшто нема, а кога нема откуп земјоделците не предаваат праски за да добијат во посочениот период дополнителна поддршка. Оваа мерка би имала ефект доколку воопшто има откуп. Очигледно по неколку реакции на овоштарите од Росоман и Кавадарци, Министерството и Владата немаат конкретно и издржано решение за нивниот проблем, истакна Пемова.
Ново на Сител
-
Поради штрајкот на француските контролори на летање откажани повеќе од 1.500 летови
-
ФК Силекс со бесплатен превоз и карти за натпреварот со ФК Дечиќ
-
СПM: Се заострува негаторската политика кон македонскиот идентитет и јазик
-
Путин и Трамп разговараа за Украина и историските врски меѓу Русија и САД
-
Уапсен мотоциклистот кој избега откако усмрти скопјанец на кеј
-
Во Германија уапсен маж, кој со секира повреди четири лица
-
Зеленски: За постигнување на мир во Украина неопходна е лидерска средба
-
Mинистерот Муцунски се сретна со амбасадорката на САД, Агелер