ВМРО-ДПМНЕ: Венецијанска комисија удри шлаканица на владата на Заев

Драфт мислењето на Венецијанската комисија за законот за јазици е правно политички срам за државата која го нанесува владата на Зоран Заев, сметаат од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
Пратеникот Антонио Милошоски вели дека оваа „правна шлаканица за целата Владата“ треба да биде прифатена од премиерот и да го исполни своето ветување дека забелешките на Венецијанската комисија ќе бидат преточени во амандмани.
- Бараме веднаш да се повлече и Закон за инспекторат за употреба на јазиците кој е во собраниска процедура. Ние сметаме дека законот од 2008 година е применлив, и може треба да се прилагоди уште малку. Но, на тој закон немало вакви ригидни забелешки и правни недостатоци кои беа посочени од Венецијанската комисија за овој закон за кој предупредувавме дека е неефикасен и е повеќе политички, а не подобрува јазични стандарди или права - вели Милошоски.
Тој вели оваа мислење на Венецијанската комисија треба да биде искористено како поука кога се планираат големи структурни измени законските решенија да се испраќаат до Венецијанската комисија во фаза кога се предлози. Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ бара да бидат повлечени и Законот за Академија за судии и јавни обвинители и Законот за јавно обивнителство и да се испратат до ова меѓународно тело.
Катерина Нешкова
Ново на Сител
-

Од минималецот да почне плаќањето по час, предлагаат работодавачите - ССМ: Сега вреди 2,5 евра - тоа е мизерно
-

Филипче: Нема да дозволиме отворање на рудникот Иловица - Штука
-

Тема на денот со Шимон Коловња, потпретседател на полското собрание
-

Второ убиство во Ѓорче Петров
-

Даночни инспектори обвинети за поткуп - му откривале на Деко кога ќе има контроли во „Пулс“
-

Дигиталното насилство како реална опасност
-

Расте бројот на деца жртви, но и на малолетници кои прават прекршоци
-

Владата формира национален комитет за заштита на новинари
