ВМРО-ДПМНЕ: Уништен е валиден инсулин - Филипче: Производителот не гарантираше квалилет и ладен ланец
Обвинителството по четиридневни политички препукувања ќе проверува која е вистината за уништениот инсулин. Доколку утврдат елементи на кривично дело ќе постапат согласно своите надлежности.
Денеска ВМРО-ДПМНЕ побара министерот за здравство кривично да одговара за скандалот со уништениот инсулин. Велат дека првиот човек во здравственикот сектор лаже бидејќи во 2017 година МАЛМЕД при контрола утврдила дека инсулинот е во одлична состојба и Агенцијата не нашла никакви недостаотци. За тоа од опозициската партија покажаа и официјален документ. Филипче, пак, тврди дека за квалитетот на инсулинот од паралелен увоз се оградил и производителот бидејќи без сертификат од компанијата не можел да гарантира за ладниот ланец при неговиот транспорт.
-Ова известување на Агенцијата покажува дека Венко Филипче лаже кога тврди дека порано е набавуван инсулин со сомнителен квалитет. Ова не непобитен доказ дека е уништен здрав инсулин. Ова отвора сомнеж дека владата и Филипче уништиле здрав инсулин за да има нов тендер каде добитник ќе биде компанија блиска до власта. Филипче треба кривично да одговара за овој скандал, вели Наум Стоилковски, од ВМРО-ДПМНЕ.
-Имаме официјален допис од Новонордиск од 2016 каде компанијата резњрвирано стои на страна бидејќи е на несоодветен начин транспшортиран инсулинот. И за тоа призводителот на гарантира бидејќи не се спроведени постапките за ладен ланец, вели Венко Филипче, министер за здравство.
Филипче вели дека уништиле количини за еден месец и уверува дека дијабетичарите нема да останат без терапија. И сегашниот инсулин е од Новонордиск, но со серификат за квалитет од производителот. Во меѓувреме и од Асоцијацијата за детски дијабетес Баланс Мк ја поздравува одлуката за уништување на инсулинот од паралелен узвод, но порачаа да престанат политичките препукувања на грбот на пациентите.
-
Сања Димитровска
Сите содржини од овој новинар