Македонија
19. December 2019 - 16:09

ВМРО-ДПМНЕ: Тужбата на Заев не е за докажување на вистината, туку за дефокусирање на јавноста од случајот „Рекет“

Кога власта престанува да има аргументи, и е фатена во криминал продолжува со притисоци и закани, заплашување и прогон. Кога има недостаток на кредибилитет сака да го изгради со сила, кога губи и уште само 16 дена е премиер и никогаш повеќе, Зоран Заев се заканува со неговото судство, со тужби и притисоци кон опозицијата.

Сакам да ја информирам јавноста дека премиерот Зоран Заев поднесе тужба за клевета против мене за политичка изјава во која што кажувам дека се изрекетирани преку 20 милиони евра и дека тој е на врвот на пирамидата.

Изјавата поради која што ме тужи е цитирам:

„Некаде пред две недели споменав дека вкупната сума на побарани изрекетирани средства надминува 20 милиони евра. Досега никој ова не го демантираше што значи дека е рекетиран повеќе од еден бизнисмен, рекетирани се многу бизнисмени и побарани се многу пари. Тоа е операција која не можат да ја завршат еден или двајца луѓе. Тоа е операција која е добро осмислена од врвот на СДСМ, координирана лично од Зоран Заев и понатака управувана од целата држава затоа што е потребна и кривична и политичка одговорност“

За иронијата да биде поголема барањето за тужба е испратено од неговиот скап адвокат Филип Медарски кој е познат по непотизмот во судството и во обвинителството. Целта на власта е сега јас сега јавно да се извинам, да се уплашам и да се повлечам. Бара да му исплатам 60.000 денари оштета, како и да му го платам скапиот адвокат. Бара 60.000 денари оштета затоа што брат му Вице е исто така во тужба за клевета, не успеа да добие од мене 30.000 денари оштета, па сега веројатно по принципот евро за евро бара 60.000 денари оштета за да можат со брат му да поделат по 30.000 денари.

Зоран кој што го советуваше јавно Вице да не ме тужи за клевета, сега тој истиот тој Зоран ме тужи. Тоа е тој тажен премиер во заминување кој што едно кажува, а друго прави. На сето ова јас едноставно ќе кажам го погрешивте човекот, не ме познавате, не ви се плашам и ќе одиме до крај, ни вас, ни никому особено кога ја говорам вистината.

Ниту планирам да се извинам, ниту планирам да се повлечам, ниту да ја свиткам кичмата затоа што тоа не е дел од мојот карактер. Особено не кога ја говорам вистината. Ќе одиме на суд. Зоран Заев со најскапиот адвокат во државата, може да покани и некој друг да го застапува, јас сам. Тој со најскапиот адвокат во државата и против вистината јас ќе се бранам сам и со вистината и ќе победам затоа што ќе победи вистината.

Јас уште еднаш јавно ќе го повторам и ќе го посочам она што го кажав, сумата на рекетирани средства надминува 20 милиони евра, рекетирани се повеќе од 1 бизнисмен и тоа е операција која што е добро обмислена од врвот на СДСМ и координирано лично од Зоран Заев за што треба да има политичка и кривична одговорност. Јас стојам позади ова.

Дека сето ова што е кажано пред 4 месеци е вистинито и точно не мора да ми потврди Зоран Заев, тоа го потврдува времето. Да одиме по ред.

Прво факт е дека сумата за рекетирани средства надминува 20 милиони евра и не е во прашање само еден бизнисмен. Ќе посочам дека главниот сведок во Рекет 1, во прашања во судот, под полна материјална и кривична одговорност посочи дека и други лица биле рекетирани односно други бизнисмени. Тоа никој од посочените не го демантираше што значи не е само еден. Тоа што обвинителството молчи и не ги повикува овие лица и не го проширува предметот е друго прашање за кое што сум убеден Зоран Заев има подобри сознанија зошто е тоа така.

Втора причина дека сум во право е да ја потсетам јавноста дека постои и случај Рекет 2 во кој што бизнисмен сведочи за изнуда која што е вмешан посредник присутен и во случајот Рекет 1, а се однесува на министерот за здравство и на директорот на фондот на здравство.

Значи не е еден, повеќе се бизнисмени. Се случи и аферата „Вирус“, се случи и аферата во која што бизнисмен обвинува дека тандемот Вице и Зоран Заев го притискале за да му земат земјиште. И се случуваат афери секој ден, што само потврдува дека се многу пари и дека се многу бизнисмени.

Трето, никој во оваа држава не верува дека е можен милионски рекет без знаење на врвот на власта. Па дали верувате дека било кој на Боки 13 денар би му дал, евро би му дал, доколку самиот врв на власта не стои на пирамидата.

Всушност и самиот тој кажал дека бил предупреден од страна на врвот на власта дека случајот е пријавен во обвинителството што само говори за тесната врска помеѓу нив.

Четврто, она што Заев преку неговиот адвокат не го пишува во тужбата, е вториот дел од мојата изјава. Која што е оптужена, во која што велам дека кривична одговорност не може да остане само на овие тројца кои што сега се опфатени, туку треба да се прошири на многу повеќе.

Ова е дел кој што не сакаат да го цитираат затоа што не им одговара. Четири месеци подоцна никој не е чепнат од врвот на СДСМ и дополнително половина раководство на партијата која што се споменуваше гледаме дека останува нечепнато. Што само зборува за каква спрега помеѓу власта и обвинителството стои.

Ќе кажам збор два и за самата суштина на тужбата. Оваа тужба не е за докажување на вистината. Оваа тужба не е за да се докаже вистината. Туку е за прогон врз главната опозициска политичка партија и врвно и лично. Но и за нешто што народот го нарекува ишкање на мувата од капата. На Заев тие околу него му велат – „Уживај шефе, ќе го тужиме и преку нашите инсталации во судството ќе го добиеме. И на тој начин ти ќе докажеш дека немаш ништо со Рекет“.

Тоа е целта на оваа тужба, но тоа е можно само во бајките, а не во реалниот живот. Затоа што во реалноста прават од грешка на грешка и одат од грешка во грешка. Па така ќе видите во документите кои што ви ги доставив самиот негов адвокат навел во тужбата дека се сомнева за одредени идни постапки по однос на премиерот Зоран Заев затоа што вели цитирам дека сум ја нарушил презумцијата на невиност на Зоран Заев. Па ако на ниеден начин не е вмешан и ако нема на ниеден начин истрага или одговорност за него, што ќе му е презумција на невиност.

И последно, ќе потсетам дека оваа тужба доаѓа од премиер и политичка партија која нарачува тепање на граѓани, ослободува убијци на деца, врши брутален прогон врз опозицијата. И кога не го прави сето ова погодува напред пред судот за да докажува дека ете наводно не е крив он.

Очигледно наместо флоксули за ЕУ на Заев повеќе му се допаѓа друштвото Свазиленд и Либија, каде ја сврстува Економист по невработеноста на младите. А, убеден сум дека состојбите во судството и слободата во делувањето нема да сме нешто подобри.

На крај да повлечам уште еднаш тужбата на Зоран Заев не е за докажување на вистината туку за дефокусирање на вистинското прашање во овој случај, а тоа е каде завршија парите на „Рекет“.

Ќе одиме на суд со задоволство секој со својата страна, кажав Заев со најскапиот адвокат, а јас сам и ќе ја докажуваме вистината.