ВМРО-ДПМНЕ: Три години Македонија пропаѓа, младите константно се иселуваат
Три години СДСМ, три години Македонија пропаѓа. Младите константно се иселуваат, а вчера и Стево Пендаровски кажа доколку нема функција како претседател и тој ќе се исели.
За која црна економска политика зборува Заев, кога и шефот на државата вели дека би се иселил кога не би бил претседател!? Што треба да кажат младите!?
Економската политика на Заев е фијаско. Доказ за тоа се преполните автобуски и аеродроми полни со млади кои со карти во еден правец ја напуштаат државата.
И Стево Пендаровски знае дека власта е криминална, рекетот цвета и е потоната во корупција.
И Стево Пендаровски знае дека правниот систем е нефункционален.
И Стево Пендаровски знае дека Македонија со Заев тоне.
Сите знаат дека до СДСМ Македоника пропаѓа, само Заев има розеви очила и не ја гледа реалноста.
На 12 април завршува времето на лаги и манипулации. На 12 април победува ВМРО-ДПМНЕ и почнува обнова на Македонија.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Најмалку 11 загинати, 22 повредени во автобуска несреќа во Мексико
-
Трамп ќе присуствува на Самитот на НАТО во Хаг
-
Македонските одбојкари финишираат со подготовките за Европската златна лига
-
Обновен сообраќајот на Кримскиот мост
-
Вучиќ најавува наскоро закон за Избирачкито список, избори кога тој ќе одлучи
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДС призна дека економијата расте – само што не можат да поднесат што расте без нив
-
СДСМ: Kога инфлацијата е 3%, исто колку наводниот раст, нема никаков раст
-
Во Судан нападнат конвој на ОН со храна