ВМРО-ДПМНЕ: Три дена затворени сите хируршки сали на хирургија во Клинички, нема неопходни операции за животно-загрозувачки пациенти
Молк од „транспарентната“ власт за колапсот на Клинички центар, каде три дена беа надвор од функција СИТЕ хируршки сали, а не можеа неопходната услуга да ја добијат дури ни итните и животно-загрозувачки пациенти.
Изостанаа одговори како дојде до овој КОЛАПС на Клинички што е недозволиво да се случи на терциерно ниво, каде се третираат итни и неодложни состојби и за првпат се случува во историјата на македонското здравство.
Неспособната власт која не водеше грижа за инфраструктурата, освен што до колапс го доведе хируршкиот блок на Клинички центар кој надвор од функција беше три дена, сега согласно информациите ПЕТ дена истечен е сертификатот за порталот на ФЗОМ и не е во функција.
Јавноста многу добро памети кога за прв пат во историјата се случи колапс во ФЗОМ кога целиот систем беше блокиран со денови, заради истата и позната неспособност. И тогаш во така блокиран систем, видовме НУЛА отчетност и транспарентност, а директорите со денови беа сокриени од јавност и не можеше да се дојде до основа информација.
Многу брзо ВМРО -ДПМНЕ ќе стави крај на ваквите штетни политики и на неодговорното и недомаќинско работење.
Платформата 1189 нуди многу решенија и одговори на барањата на здравствените работници и пациентите и од корен ќе ги смениме овие состојби кои имаат низа аномалии.
Промените доаѓаат, тие се во рацете на граѓаните. Да ја вратиме повторно Македонија на народот.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Николоски: Градскиот воз и електричните еколошки автобуси се придонес кон намалување на аерозагадувањето во Скопје
-
Николоски: Нема политички договор со Бугарија за случајот Ива Михајлова
-

Трамп: Егзекуцијата на Нидал Хасан нема да биде емитувана во живо
-

Новиот Луна парк во Скопје треба да биде готов до крајот на 2027 година
-

Истрага против 20-годишник за компјутерска измама, злоупотреба на лични податоци и детска порнографија
-

Приведени 11 возачи за „безобѕирно управување возило“ во изминатото деноноќие
-

Хориха од денес дел од македонската ракометна репрезентација
-

Маск повторно го повика Зеленски да се повлече од претседателската функција
