ВМРО-ДПМНЕ: Требаше да киднапираат пратеник само за да опстои владата, Заев е најлошото за Македонија
Требаше да киднапираат пратеник само за да опстои владата, Заев е најлошото за Македонија
Власта не покажа дека има мнозинство, владата на Заев е единствена која немаше пратеници да ја бранат.
Владата на губитникот Заев е делегитимирана.
Губитникот Заев има само 59 пратеника плус еден киднапиран пратебик. Вчера мораше да киднапира пратеник, за да може да продолжи да краде.
Цел ден се држеше во заложништво пратеник, кој на крај не се појави во собранието, туку беше пуштен преку видео после сите стравувања за неговата безбедност.
Вчера Заев ја уби демократијата во државата.
Со недемократски методи на владеење ќе тонеме на листите на релевантните меѓународни институции како Транспаренси или на листите на списанијата како Економист.
Земјата не смее да биде заложник на интересите на една тесна клика на луѓе.
Ново на Сител
-
Судски формираше комисија која ќе ги испитува претходните постапки за Васил Јованов
-
Обвинителството прибира докази за сообраќајката во која загина Фросина
-
Мицкоски: Владата ќе им врати 50 милиони евра на компаниите за солидарен данок
-
Во Прилеп започна промената на водоводната мрежа во центарот на градот
-
Стартува проектот за изградба на најголемиот ветерен парк на западен балкан
-
Охрид ќе добие катна гаража и нов плоштад
-
Преглед на вестите од светот
-
Уставен суд го поништи солидарниот данок, државата ќе враќа 49 милиони евра