ВМРО-ДПМНЕ: Транспаренси Интернешнл докажа дека Заев ја зацементира Македонија во корупција
Со Заев на власт Македонија секоја година тоне се повеќе во корупција. Последниот извештај на Транспаренси Интернешнл покажува дека Македонија има историски највисоко ниво на корупција и е сместена на 111 место, 5 места полошо од лани. Подобро од нас со корупцијата се справува Косово, Брегот на слоновата коска, Белорусија и стотина други земји во светот.
Овој извештај само потврдува дека со Македонија владее мафија која се богати на грбот на народот. Затоа мафијата на Заев јаде со златни лажици, а обичниот граѓанин нема ни за леб.
Овој извештај покажува дека нема апсолутно никаква институционална борба со корупцијата, нема реална разрешница на големите коруптивни скандали како „Леонардо“, набавката на реагенси, скапите грејдери во одбрана, финансирањето на магариња и фризерници со европски средства, рекетот, торбите со снопчиња пари и десетици други корупциски мега скандали на власта.
Се е поклопено од страна на мафијата на власт, и законодавната и извршната власт, обвинителството и судството, антикорупциските тела и органи. Сите тие се ставени во функција на заштита на криминалот и корупцијата, наместо да се борат против нив.
Ете затоа Македонија е најкорумпираната држава во Европа и една од најкорумпираните во светот и се дури е Заев на власт државата ќе тоне на ваквите ранг листи.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Сплит: Вработена му помогнала на муштерија да хакира машина за игри на среќа
-
Повлечени 104.000 пакувања леб во Јапонија откако во две биле пронајдени траги од глувци
-
Земјотрес во Србија
-
Најмногу дожд на Попова Шапка во изминатите 24 часа
-
Герасимовски: Лицата со попреченост ќе може да користат бесплатен превоз до болница
-
Најчестите знаци на прекумерно внесување шеќер
-
Избрани останатите 10 финалисти на Евровизија
-
Реал и Борусија ќе добијат по 25.000 влезници за финалето на Вембли