ВМРО-ДПМНЕ: Тепање на граѓани е спектакл за Оливер Спасовски
Откако Оливер Спасовски е министер за внатрешни работи, македонскиот народ е сведок и гледа како истиот тој човек удира врз граѓаните и ги тепа низ улици, а криминалците слободно се шетаат низ државава.
Растурањето на карневал во Вевчани од страна на Оливер Спасовски беше крајно лицемерно.
Не држи вода никакво оправдување да тепаш маскирани учесници во карневал, особено не во Вевчанскиот карневал, а да молчиш за фештите кои што ги правеа функционерите на СДСМ во Штип, на забавите среде Скопје во локалите на луѓе блиски до власта, за роденденските прослави во институциите, за десетици други примери на прекршувања и на собири.
За бруталноста во Вевчани Оливер Спасовски и неговиот шеф Зоран Заев ќе сносат одговорност затоа што дигнаа рака врз македонскиот народ.
Граѓаните на Република Македонија не се безбедни со ваков министер за внатрешни работи и ваква влада.
Во Македонија има секој ден се повеќе криминалци кои што шетаат со пиштоли, а пак кои имаат поддршка од бандитите кои што се на власт.
центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Боби Бојчевски, координатор за здравство на КСОМ
-
Владата и банките ќе ги продолжат преговорите за каматата од унгарскиот кредит за фирмите
-
СДСМ: Владата ги зголемува непродуктивните трошоци - Мицкоски: Сите капитални инвестиции ќе се завршат
-
Предвремено родените бебиња се мали херои за вработените на Гинекологија!
-
Раната детекција клучна за карциномот
-
Петровска: Немам амбиција да сум дел од раководството на СДСМ
-
Што ги тера возачите да дивеат на улиците?