ВМРО-ДПМНЕ: Техничка влада во февруари, избори во мај

Техничка влада во февруари, избори во мај, СДСМ нема кредибилитет да ја води државата.
Земјата е во економска, здравствена и енергетска криза. СДСМ е главниот виновник за лошата ситуација во која се наоѓа државата и тие не можат да бидат решението.
За државата да излезе од кризата потребни се промени.
Бидејќи и СДСМ и ДУИ се декларираа дека сакаат премиер Албанец, а доколку нивните заложби се реални, а не водени од други побуди. ВМРО-ДПМНЕ го предлага Африм Гаши да ја води владата која ќе ги организира изборите, и тој ќе добие поддршка од опозицијата. Веднаш потоа да се формира техничка влада, а изборите да се закажат за мај месец.
Доколку СДСМ, и ДУИ одбијат тоа ќе покаже дека се што прават е само чист фолклор за да крадат и лажат. За под превезот на национализми да го ограбуваат сиромашниот народ и во Тетово и во Берово, и во Гостивар и во Штип.
Време е на корупцијата и криминалот да им се застане на патот, а тоа е една од најголемите причини зошто се потребни предвремени парламентарни избори во мај.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Уапсен сопственикот на ФК „Башкими“
-

Иран соопшти дека не е планирана нова рунда преговори со САД
-

Децата на спортски настан кај претседателката Сиљановска Давкова, им порача да ги вежбаат телото и умот
-

Кривична пријава за лице од струшко Ливада за убивање и мачење животни
-

УХМР: Посвежо и нестабилно, до среда локално невреме со пороен дожд, грмежи и силен ветер
-

Синдикалната минимална кошница за април 68.797 денари
-

„Калинка“ – симбол на среќa и добивки до 700.000 денари!
-

Од полноќ поевтини горива
