ВМРО-ДПМНЕ: Светска банка преку Дуинг Бизнис потврди дека економијата тоне
Светската банка преку својата публикација Дуинг Бизнис која излегува еднаш годишно, потврди дека економијата во Република Македонија едноставно тоне.
Република Македонија, на листата на Дуинг Бизнис падна за 7 места од 10 на 17 место во светот. Тоа автоматски докажува дека Владата не работи ништо ама баш ништо за одржување на бизнис климата, а не пак за подобрување. Залудни се спиновите од страна на Министерката Нина Ангеловска дека сме се уште први во регионот или пак пред дваесет и неколку земји во Европа. Залудни се тие спинови сепак се покажа дека ништо не се работи на полето на реформите за подобрување на економијата.
Овие неуспеси на Владата на СДСМ, на Зоран Заев, Нина Ангеловска, Тевдовски, Анѓушев, Бектеши, Љубе Бошковски како министер за странски инвестиции и останатите од економскиот тим, се затоа што не се работи ама баш ништо во однос на реформите во државата, туку едноставно се работи на крадење и пљачкање на сопствениот народ од горе набројаните луѓе од економскиот тим.
Законите и реформите не може сами од себе да се прават и да се носат во Собранието. Мора некој да ги сработи и да ги реализира.
Имаме пад кај сите индикатори во извештајот, што уште еднаш укажува на не работата и мрзата на оваа Влада која е посветена единствено на сопствените бизниси.
Имаме пад кај индикаторот „Започнување бизнис“, кај индикаторот „Градежни дозволи“, кај индикаторот „Поврзување на електрична мрежа“, кај индикаторот „Регистрирање на имот“, кај индикаторот „Добивање кредит“ , кај индикаторот „Заштита на малцински инвеститори“, кај индикаторот „Плаќање на даноци“, кај индикаторот „Надворешна трговија“, кај индикаторот „Спроведување на договори“ и сите останати. Практично нема индикатор кај што немаме пад дали од неколку или од десетици места.
А, и како да немаме падови на сите овие индикатори на извештајот кога за половина од овие ставки Владата и функционерите на СДСМ земаат мито од страна на компаниите и бизнисмените, рекетираат, како кога банките не се сигурни во економијата и не можат да издаваат кредити да ги помагаат компаниите, кога гледаме дека високи функционери на Власта местат тендери и наплаќаат провизии на милионски тендери и тоа јавно излегоа во јавност со снимки.
Почитувани,
Дали некој ќе понесе одговорност за овој неуспех на државата?
Дали некој ќе понесе одговорност за се ова што ни се случува на економски план?
Дали некој конечно ќе одговара што тоне и колабира македонската економија? Што државата и над 500.000 граѓани живеат на работ на егзистенцијата?
Заев, Нина Ангеловска, Кочо Анѓушев, Бектеши, Љубе Бошковски и сите оние советници за економија мораат да понесат одговорност за целиот економски крах.
Правиот пат на целава оваа расипничка влада завршува тука и продолжува во историјата и низ институциите каде ќе треба да носат одговорност. Доаѓа обнова на Македонија после 12 април каде што сите заедно ќе ја вратиме државата на патот на успехот.
Прашање од новинар: Изминатиот период се формираа работни групи за измена на изборниот модел. Од сите имаше подготвеност да се направи таа измена но засега тоа не се случи. Дали тоа значи дека на овие избори ќе одиме со истиот изборен модел?
Одговор на Димче Арсовски: Во моментов на Македонија најважни и се предвремени парламентарни избори за да се казни целиот овој неуспех на сите полиња на владата на Република Македонија односно СДСМ да се тргне од власт. Тоа е сепак процес односно носење на нов изборен модел кој се носи со консензус од сите политички партии политички чинители и произјаснување на целата јавност како да се одвива тој изворен модел. На само два месеци пред техничка влада и пет месеци пред избори практично е невозможно да се носи нов изборен модел. Ние како ВМРО-ДПМЕН составивме тим за преговори од нашата партија и му дадовме шанса на процесот меѓутоа власта е таа која покажа незаинтересираност буквално на сите преговори за разно разни закони кои што требаше да се донесат а нормално не им одговараат нив, ние покажавме воља, власта е таа која не повлече конкретен чекор за било какви конкретни дејствувања.
Прашање од новинар: Ваш коментар за членот на ИК на ВМРО ДПМНЕ Иванка Василевска во едно интервју за портал во Србија кажа дека Македонија треба можеби да оди кон федерализација?
Одговор на Димче Арсовски: Би ве прекинал веднаш, би бил краток на Вашето прашање. Веќе и членот на ИК Иванка Василевска имаше свое излагање, имаше свој демант во однос на тој случај. Уште еднаш би напоменал дека се она што е изнесено во тој онлајн медиум каде и професорката демантираше за сето тоа, не се поистоветуваат како ставови на ВМРО-ДПМЕН.
Прашање од новинар: Вашиот коментар за зборовите и гестот вчера кон Мицкоски?
Одговор на Димче Арсовски: Видете тоа е еден човек, говорам за Зоран Заев, човек кој што тоне кој што знае дека му е дојден крајот, кој не може да се помири со фактот дека лагите не му проаѓаат кај граѓаните, дека му е падната маската која ја имаше претходно наметната, дека всушност е еден огромен лажго и кој што не знае што прави па се обидува на најнизок, најдолен политички, односно тоа не е ниту политички гестикулар, вокабулар да навредува свои политички опоненти тоа не доликува на премиер, всушност не доликува на еден обичен граѓанин а не пак на премиер кој носи таква државничка функција и тоа ќе биде уште една причина плус да граѓаните конечно го испратат во историјата и да немаме повеќе прилика да ги гледаме неговите неартикулисани однесувања пред јавноста и медиумите.
Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Патријарх Кирил до Русите: Не плашете се од нуклеарно оружје и крајот на светот
-
Израелската армија потврди дека утрината извршила напад во јужен Либан
-
Христодулидис: Кога сè ќе биде на свое место, Република Кипар да може да стане членка на НАТО
-
Митрополитот Дебарско-Кичевски Тимотеј испратен до неговото вечно почивалиште на Плаошник
-
Во близина на карбинското село Радање откриена ѕидана гробница од крајот на вториот и почетокот на третиот век
-
Гаши: Собранието е подготвено за донесување на уставните измени, доколку има политички договор
-
Мицкоски: Немаме платформа против Албанците, туку платформа против партиските профитери и криминалци
-
Над 1.300 камери ќе бидат поставени на улиците во Атина за да „ловат“ сообраќајни прекршоци