ВМРО-ДПМНЕ: Судот и правосудните органи ја злоупотребуваат мерката притвор

Судот е директен соучесник во континуираното уништување на правната држава. Судот е директен соучесник во креирањето на недемократска атмосфера на страв, во која што Заев ќе може без опозиција да носи закони за двојазичност, да ја задолжува земјата или да ратификува договори со кои се брише историјата и македонскиот јазик.
Доколку судиите имаа интегритет, совест и свест ќе ги ослободеа сите неправедно притворени лица од 27-ми април, но очигледно е дека за нив е најважен политичкиот интерес.
Дурловски, Јовановски, Дамовски, Илиевски, Божиновска, Чавков, Мукоски и останатите неправедно обвинети се жртви на политички прогон само заради храброста, истрајноста гласно да го искажат своето несогласување со антидржавните и антимакедонските политики на власта предводена од Зоран Заев.
Не се почитуваат нивните основни човекови права. Прогонот на десетици невини луѓе, патриоти кои си ја сакаат својата држава за фабрикувано дело тероризам мора да запре. Судот е најдиректен и најодговорен учесник во се поголемиот раздор и продлабочување на кризата која е поттикната од катастрофалните политики на секое поле од страна на владата на СДСМ. Судството не смее да биде алатка на политиката!
Судот и правосудните органи ја злоупотребуваат мерката притвор. Тие треба да знаат дека оваа мерка се користи само како крајна цел за обезбедување на осомничените, а не како средство за пресметка со сите оние кои размислуваат различно од СДСМ и Зоран Заев.
Се додека институциите се користат за монтирање и фабрикување на монтирани судски и кривични постапки се со цел за пресметување со неистомислениците нема напредок за Република Македонија и нејзините граѓани.
Ново на Сител
-

Кривична за полицаец, возел со активна забрана за управување, двојно побрзо од дозволеното и пијан
-

Пет пријавени случаи за семејно насилство во последното деноноќие, уапсено едно лице
-

Опожарени пет возила под скопското Кале покрај Вардар, едно лице повредено
-

Трамп тврди дека САД му забраниле на Израел да го напаѓа Либан
-

Арагчи: Ормуска Теснина е целосно отворена за комерцијален сообраќај
-

Делегација на Собранието учествува на 152. Собрание на Интерпарламентарната унија во Истанбул
-

Започнува реставрацијата на црквата „Св. Атанасиј Велики“ во Габрово, обезбедени средства и изработени проекти
-

Министерот Азир Алиу во Дебар го означи почетокот на пилот-проектот за телемедицина во областа на дерматовенерологијата
