-->
-->
ВМРО-ДПМНЕ: Студентите ја платија цената на неспособното владеење на СДС
-->
Младите се на маргините на интересот на владата на СДС.
Младите се измамени и потцените од владата.
Стефан Богоев, Ивана Туфегџиќ, Зоран Заев ветуваа многу, но со влегување во парламентот заборавија на младите, ги излажаа и извисија.
Прво, СДС скрати и укина многу проекти за младите кои беа воведени од владата на ВМРО-ДПМНЕ.
Од позиција на власт СДС скрати 1.5 милијарди денари од буџетот за образование.
Владата на Заев скрати пари кои беа наменети за основно и средно образование, за студентски домови, спортски сали, универзитети и превод на стручна литература од најдобрите светски автори.
Второ, студентите ја платија цената на неспособното владеење на СДС со укинување на оброк кој до сега го покриваше државата со што ќе мораат самите да го платат од свој џеб.
Трето, СДС ветуваше гаранција на младите дека веднаш по завршување на студирањето ќе бидат вработени, а по четири месеци власт покажа дека се е лага и манипулација.
СДС ги излажа младите. СДС покажа дека воопшто не се грижи за младите, а нивниот приоритет е само луксузирање и партиско вработување.
Младите знаат кој се грижи за нив и на 15-ти октомври ќе ги казнат катастрофалните политики на Заев и СДС
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Алиу тврди дека одлуката за одземање на ингеренциите за лиценци на Стоматолошката комора е аргументирана
-
Хронично болни и онколошки пациенти меѓу вработените во Флораком кои два месеца немаат плата и здравство
-
СДСМ: Нов скандал во националната агенција Еразмус
-
Манасиевски: Политичкиот прогон на Заев, Спасовски и Ахмети заврши
-
Пуштено во употреба реконструирано одделение на Урологија
-
Вработените во Флораком и Луна на протест поради неисплатени плати
-
За собирањето потписи не независните кандидати ќе разговараат експерти во Министерството за Правда
-
Битиќи: Срам за Владата, работниците и пензионерите не се виновни за поскапувањата