ВМРО-ДПМНЕ: Спасовски и МВР открија „криминал од светски размери“ со назначување на директор на училиште во Кочани

Криминалот во државата цвета, криминалци како на Дивиот запад се пукаат во центар на главниот град и шетаат слободни низ улиците, ама за тоа МВР на Спасовски откри „криминал од светски размери“ со именување на директор на училиште и кривична пријава за градоначалникот на Кочани Љупчо Папазов.
Преку соопштение на МВР, небаре откриле и спречиле огромен криминал, известија дека поднеле кривична пријава против градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов. Но ни буква, ниту збор, а не пак истрага за назначувањето за директори со средно образувание на коалициониот градоначалник Рамиз Мерко, кој патем е и на црната листа на Америка.
Само заради тоа што кандидатот, директорот на училиштето, не им е по мерка на криминалците на власт ДУИ и СДС решија кривично да го гонат градоначалникот на Кочани се со цел дефокусирање од сите порази.
На претендентот за претседател на државата Оливер Спасовски, не му е битно како низ улиците во државава се тргува со наркотици, не му е ни битно за тоа што со месеци и години не се расчистуваат убиства сред бел ден, ниту пак како се извадија стотици пасоши за светски криминалци, ама за тоа партискиот реваншизам е највисоко ниво за билдање на партискиот рејтинг.
За тоа довербата кон институциите од сите релевантни истражување е на најниско ниво. Токму заради злоупотребата на институциите, полицијата, обвинителството, судство за партиски прогон додека криминалот и криминалците се заштитени како бели мечкин од власта на ДУИ и СДС.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Променливо облачно со сончеви периоди
-

Трамп: Иран се согласи да се откаже од својата нуклеарна програма
-

Сиљановска-Давкова: Патот кон ЕУ е „маратон со пречки“, без основа во европското право
-

Зеленски: Безбедносните гаранции се клучни за завршување на војната
-

Тошковски: Безбедносната состојба е стабилна, нема индиции за ризици
-

Сиљановска-Давкова по средбата со Милановиќ: Нема место за двојни стандарди во евроинтегративниот процес
-

Тошковски: Имаме раст на пријави за семејно насилство, жртвите сè повеќе се охрабруваат, следуваат итни законски измени
-

Ѓорѓиевски: Брзиот автобуски превоз (БРТ) станува реалност!
