-->
-->
ВМРО-ДПМНЕ: Спасовски да ги провери фирмите кон кои должи СДСМ
-->

-СДСМ и министерот за внатрешни Спасовски се вплеткаа во сопствената мрежа и лицемерие. Вчера министерот за внатрешни Оливер Спасовски изјави дека влегол во компании поради долг на ВМРО-ДПМНЕ кој цитирам согласно Изборниот законик не смеел да остане и сите обврски требало да се затворат од оваа сметка.Прво го повикуваме јавно да го цитира членот од законот кој санкционира постоење на долг, бидејќи таков член не постои, и во однос на ВМРО-ДПМНЕ се е кристално јасно и илјади денари, а коалиционите партнери на Заев, Љубчо, Љубе и Стојанче над 3 милиони и 100 илјади денари.Го повикуваме Спасовски да ги провери фирмите кон кои должи СДСМ и кон кои должат неговите коалициони партнери, и дали тоа не е извор на корупција. Вистината е дека Спасовски води хајка против ВМРО-ДПМНЕ, преку злоупотреба на полицијата, а молчи за долгот на СДСМ од изборите оваа година, изјави Наум Стоилковски.
Беше прашан и за синиќешниот извештај на Венецијанската комисија дека треба да се преиспита Законот за употреба на јазици.
- Венецијанската комисија и нивните ставови апсолутно се нешто што треба да се дел од законодавството во една држава од Европската Унија особено ако е аспирант за членство во Европската Унија и очекува по подолг период да добие можеби датум за почеток на преговорите. Само за една споредба ете Бугарија која е членка на Европската Унија ги почитува во однос на нивниот проблем во однос на јавниот, одговори Наум Стоилковски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тешка сообраќајка во Словенија, тројца Македонци загинаа
-

Редовна дератизација, дезинфекција и дезинсекција во сите училишта во Карпош
-

Бројот на жртви во земјотресот во Индонезија се искачи на 111, над 176.000 лица се раселени
-

Бела куќа: САД и Иран во моментот не преговараат за прекин на војната
-

Џордан Питерсон: Интелигенција е „како размислуваш“, а не „што мислиш“
-

Мицкоски: Остануваме на стратегијата за дата центри, светот ова ќе го развива, прашање е ние дали ќе го препознаеме моментот
-

Казни до 10.000 евра за трговците кои не се придржуваат на одлуката за намалување на цените на училишниот прибор
-

Почина Ратко Младиќ
