ВМРО-ДПМНЕ: СОЗР и Владата признаа дека во време на криза набавиле кафе за 50.000 евра
СОЗР и Владата признаа дека во време на криза набавиле кафе за 50.000€.
Владата призна дека наместо да воведува антикризни мерки, наместо да штеди и да се грижи за граѓаните, тие ќе пијат кафе по цели денови.
Тотално е неважно дали СОЗР набавува кафе за Ковачевски, Спасовски или Николовски, важно е дека заради нивната неспособност граѓаните трпат сиромаштија.
Луксузот на Владата ја покажува незаинтересираноста и негрижата за граѓаните и државата.
Владата и СОЗР може да кажат исто така дали е поважно да пијат кафе со златни лажички кои исто така ги набавија во време на сериозна криза или пак е поважно граѓаните да имаат да се прехранат.
Едно е јасно, знаеле дека ќе има сериозна економска криза и воопшто не им било важно.
Најважно им било да уживаат во луксузот кој си го ствараат додека се на власт.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Цар Самоил добива саркофаг од македонски мермер со натпис „Самоил во Христа Бога, цар на Бугарите“
-

Неверојатен случај во Фиџи: 40 килограми кокаин чувани како доказ во суд исчезнале и биле заменети со брашно
-

Утре посебен режим на сообраќај во Скопје поради посета на Урсула фон дер Лајен
-

Скопјанец му се заканувал преку телефон на полицаецот кој предходно му пишал казна
-

Татко во кривопаланечко си го нападнал малолетнит син со остар предмет
-

25-годишник обил сеф на ЈП „Паркови и зеленило“ - Скопје и одзел девет пиштоли
-

Мицевски: Филипче губи контрола, со навредливи зборови кон премиерот манифестира силен страв и впечаток дека е притиснат од внатрешни поделби
-

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија
