ВМРО-ДПМНЕ: Советниците на СДСМ во Центар одлучија да се укине ИБ програмата во „Кирил и Методиј“

ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека советниците во општина Центар од редовите на СДСМ донеле одлука со која му се препорачува на училишниот одбор во основното училиште „Кирил и Методиј“ да изгласа стопирање на меѓународната ИБ програма.
- Станува збор за одлука со која советниците од редовите на СДСМ и коалиционите партнери ја запечатија судбината на најстарото училиште во Република Македонија, основното „Св. Кирил и Методиј“, да стане и првото акредитирано училиште во земјата кое работи согласно престижната меѓународна ИБ програма, во чиј фокус е поттикнување и стимулација на учениците да истражуваат, да го покажуваат својот талент, да развиваат вештини, да стекнуваат трајни знаења и критички да размислуваат, истакна Марија Ангелова на прес-конференција.
Таа посочи дека одлуката на Советот е скандалозна бидејќи во септември 2016-та година, истите советници ја усвоиле годишната програма за работа на основното училиште „Св. Кирил и Методиј“ во која менаџментот на училиштето се обврзува да обезбеди континуитет на наставата согласно ИБ програмата во учебната 2016/2017-та.
- Јавноста треба да знае дека иницијативата за укинување на меѓународната ИБ програма во училиштето „Кирил и Методиј“ во Центар на само четири дена пред финализирање на процесот на поднесување апликација за акредитирање, не е волја на наставниците, родителите и учениците. Многумина родители ги запишале своите деца во ова училиште, токму поради имплементацијата на ИБ програмата која е воведена со одлука на училишниот одбор уште во 2013-тата година и за која се добро информирани, а сега со нејзиното укинување, всушност се менува концептот и пристапот на работа со децата. А, исто така, пропаѓаат и финансиите кои досега се одвоени од државниот буџет за оваа намена во износ од околу 100 илјади евра, рече Ангелова.
ВМРО-ДПМНЕ апелира до Советот на општина Центар и до училишниот одбор на „Кирил и Методиј“ да ја преиспитаа одлуката и да донесат одлука во интерес на учениците.
Ново на Сител
-

По децении дивоградби аеродромот во Охрид и МВР добија имотен лист
-

Обвинетиот Стојанче Јовановски прво призна вина, па се предомисли
-

Мицкоски во Унгарија
-

Тема на денот со Арбен Таравари, претседател на Алијанса за Албанците
-

Сител сторија: Спомен домот на Разловечкото востание конечно ќе види светли денови
-

Обвинетиот Стојанче Јовановски прво призна вина, па се предомисли
-

Убиство во Росоман, ја усмртил мајка си и се пријавил во полиција
-

Отфрлена претставката на обвинителката Ристоска, изјавите на премирот не биле притисок
