ВМРО-ДПМНЕ: СОРОС во Македонија финансира организации кои поттикнуваат насилства
ВМРО-ДПМНЕ денеска преку соопштение оценува дека СОРОС во Македонија досега има доделено стотина милиони евра на организации преку кои се плаќаат луѓе кои поттикнуваат насилства.
Во соопштението се наведува дека СДСМ е партијата која ги одработува сценаријата на СОРОС во Македонија.
- Сега сме сведоци на обид нови 9,5 милиони евра да се делат од касата на СОРОС/СДСМ во Македонија. Секој обид овие средства да се употребат за подривање на нашиот правен и уставен систем ќе наиде на соодветен одговор, наведува ВМРО-ДПМНЕ во соопштението.
Оттаму посочуваат дека претставници, на како што се вели, СДСМ/СОРОС, во неодамнешните протести во Скопје повредиле 50-тина полицајци и предизвикале штети од милиони евра.
- Народот својата волја ја искажа на демократски избори. Десороизацијата е неизбежна. Узурпацијата и заложништвото на граѓанскиот сектор и демократијата мора веднаш да прекине, се вели во соопштението.
Ново на Сител
-
Прв говор на Трамп пред Конгерсот, аплаузи и скандирања
-
Опозицијата ја бојкотира денешната седница, инцидентите во српскиот парламент ќе ги расветлува обвинителството
-
Мицкоски не се видел со Груевски во Будимпешта, ќарот од Унгарија е милјарда евра
-
Мицкоски: Ни го распродаде македонскиот јазик, а сега се зборува за албанскиот
-
10-годишно дете заврши на хирургија, откако врз него паднала гранка од дрво
-
Судот не прифати застареност на делото за аудито на Мерко
-
Палчо: На денот на убиството на Вања бев во банка
-
Власта го одби синдикалниот предлог за 500 евра минималец