ВМРО-ДПМНЕ: СОРОС и СДСМ водат хајка против оние кои се борат за десоросоизацијата
ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека СОРОС и СДСМ водат хајка против невладиниот сектор што се бори за десоросоизацијата.
- Хајката која по нивна нарачка против вистинскиот невладин сектор ја водат окупаторите и уништувачите на граѓанските иницијативи уште еднаш излезе на виделина поради невниманието на соросовите невладини јуришници во служба на СДСМ. СДСМ и Сорос праќаат мејлови од иста адреса, во кои со тужби им се закануваат на сите кои ќе се одважат да им опонираат на нивните тоталитарни начини на практицирање квази граѓанство, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму посочуваат дека десоросоизацијата започнала и оти овој процес и е неопходен за Македонија. - Токму затоа граѓаните на 11-ти декември им кажаа не во огромно мнозинство на ваквите насилници и застанаа зад процесот на десоросоизација на македонското општество, се наведува во соопштението.
Ново на Сител
-
Во Србија одбележуваат Видовден - Владата на централна прослава во Крушевац, студенти на протести
-
Стапува во сила Европскиот закон за пристапност за лицата со попреченост
-
Трамп: Ќе го решам конфликтот со Северна Кореја
-
На ГП Табановце се чека околу 30 минути
-
Роналдо го обнови договорот со Ал-Наср до 2027 година
-
Авионска дезинсекција против комарци денеска и утре во Скопје
-
Сончево со мала до умерена облачност и благ пад на температурите
-
Трамп: Ќе се случи нешто во Украина, работите ќе се средат