Македонија
3. September 2021 - 14:17

ВМРО-ДПМНЕ со реакција за изјавата на Шилегов: Ние презентираме документи, а Шилегов лаги

Петре Шилегов нека не ја замајува јавноста, нека даде конкретни одговори. Веќе никој не верува во неговиот збор бидејќи тој не вреди ни пет пари. ВМРО-ДПМНЕ презентира документи, а Шилегов лаги.

Според документите јасно се гледа дека семејната зграда која ја гради Шилегов е дивоградба за која нема дозвола. Не се работи за никаква реконструкција, бидејќи на диво Шилегов додава два ката.

Очигледно Шилегов е од другата страна на законот и освен како неспособен градоначалник стана и дел од урбана мафија.

Ако има правна држава, општина Карпош веднаш ќе ја стопираше изградбата на семејната зграда на Шилегов и ќе почнеше постапка за рушење на дивоградбата.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ