Македонија
21. March 2024 - 13:59

ВМРО ДПМНЕ со приговор до ДКСК поради предизборниот оглас во Академијата за судии и јавни обвинители

ВМРО ДПМНЕ поднесе пријава до ДКСК поради приемот на нови слушатели во Академијата за судии и јавни обвинители во предизборниот процес.

,,Во изминатиов период од Академијата за судии и јавни обвинители беше објавен оглас за прием на нови 130 слушатели на Академијата, при што непосредно сега пред некој ден во месец март е донесена временска динамика од страна на академијата за спроведување на приемниот испит’’ вели Николовска.

Приемот на слушателите на Академијата за судии и јавни обвинители подразбира засновање на работен однос со академијата, што е спротивно на  член 8а од Изборниот законик и одредбите од законот за спречување на корупција. По донесената одлука за распишување на претседателски и парламентарни избори, не се спроведуваат постапки за нови вработувања, не се даваат откази на вработените во јавните и државните институции, а започнатите постапки се ставаат во мирување, потсетуваат од партијата..

,,Сметаме дека тоа ќе влијае на изборниот процес, и наместо Академијата да произведува кадри кои што утре ќе ги почитуваат правата и законите, за жал излегува дека Академијата е главниот прекршител на правото во овој момент’’ вели Николовска.

 

Бојана Спасовска