ВМРО-ДПМНЕ: Со државата раководи криминална банда
Со Република Македонија раководи криминална банда на чело со аболицираниот криминалец Зоран Заев. Од ден во ден се зголемува бројот на корупциски скандали во кои се вмешани високи претставници на оваа криминална влада.
Буџетот на Република Македонија, народните пари служат за исплата на криминални тендери и грантови, за партиски и непотистички вработувања. Државните и национални интереси претставуваат монета за поткусурување, начин на кои Зоран Заев ќе остане на власт и ќе ги исплаќа концесиите кон своите доверители.
По кој знае кој пат се покажа дека функционерите на оваа криминална влада не работат во интерес на граѓаните, туку за свое лично богатење и остварување на теснопартиски интереси на штета на граѓаните.
Во една нормална држава, човек кој договарал тендери, висок владин претставник кој навредил голем број граѓани на државата која ја претставува, и кој упатил класична навреда кон држава пријател, ќе беше експресно сменет.
Само во Македонија на Зоран Заев, Драги Рашковски и натаму може да остане недопирлив. Само во држава со која владее криминална влада овој човек може се уште да биде висок државен функционер.
Неговата недопирливост, овозможена од Рускоска обвинителство и Кацарска судството му дава за право уште и да се заканува на новинари.
Кочо Анѓушев работи само за себе и за своите бизниси. Меѓународната еколошка организација Бенквоч го посочи Анѓушев дека влијаел во донесување на закони со цел да може да гради мали хидроцентрали.
Криминалната банда на власт ќе одговара за стореното. Секој еден кој се огрешил пред законот ќе одговара за своите поставки, но ќе одговараат и оние кои сега го аминуваат криминалот на власта. Во Македонија ќе се врати правдата, ќе се врати денот кога Зоран Заев и неговите пајташи ќе заминат во политичка пензија.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ: За СДСМ нема црвени линии
-

Македонски државјанин загина во сообраќајка во Хрватска
-

На Ѓурѓовден сакал да ја ограби црквата Свети Геогриј – завршил заглавен на ограда
-

Џон Малкович стана хрватски државјанин
-

Наскоро електронски ќе се издаваат потврдите за извоз на тутун и вино
-

Захарова: Подготвени сме за преговори за Украина, предупреди на провокации во Европа
-

МВР на „SAHA Expo 2026“: Потврдена стратешката соработка со турската полиција
-

„Опен-АИ“ ќе потроши 50 милијарди долари за компјутерска моќ во 2026 година

