ВМРО-ДПМНЕ: СЈО слепо ги извршува политичките нарачки на Заев
СЈО прави политичка хајка насочена кон ВМРО-ДПМНЕ и слепо ги извршува политичките нарачки на Зоран Заев без да се интересира за законите, ниту да ги почитува. За тоа најдобро говори фактот што во нивните монтирани случаи се опфатени стотина лица само од една партија, порачува ВМРО-ДПМНЕ.
- Како што минува времето, така на површина се повеќе ќе излегува непрофесионалното, незаконско и необјективно постапување на СЈО. Намерата е партијата политички да се оцрни и меѓународно да се изолира. Заради тоа, без никаква основа се одземени пасошите на четириесетина луѓе само од ВМРО-ДПМНЕ и никој друг. Еден од случаите каде се прави политичка хајка е и „Траекторија“ односно изградбата на автопатиштата. Овој случај кој е типично политички, со цел манипулација и девалвирање на проект кој е капитален за Република Македонија, рече Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција пред СЈО.
Нагласи дека постапката за изградба на автопатиштата е законска и обавена низ транспарентна процедура.
- Со цел да се заштеди, се обезбеди евтин кредит од кинеската влада со само 2 отсто камата. За споредба другите банки даваа со над 8 отсто камата. Меѓу другото, целокупната постапка се спроведе врз основа на закон донесен во Собранието кој го поддржаа СДС и ДУИ. Се обезбеди и конкуренција при што меѓусебно наддаваа две кинески фирми за градба на патиштата со што цената за изведба е и законска и се оствари дополнителна заштеда за државата. Делото за кое се обвинува Груевски е смешно и парадоксално, тоа е остварување на награда. Да биде апсурдот поголем, СЈО/СДС таа награда не ја гледа во форма на поткуп, како што преку манипулација на одредени медиуми се сака да се стекне впечаток, туку во форма на изразен рејтинг поради реализацијата на овој проект корисен за сите граѓани. Ова е правен апсурд и ова ќе се изучува за класична политичка монтажа и инквизиција од орган кој наместо правно да делува како политичка алатка, потенцира Костовски.
Судовите, посочи, мора да го задржат својот интегритет, да работат исклучиво врз основа на закон и докази и да не подлегнуваат на политички притисоци.
- СЈО се формираше со закон поддржан од четирите најголеми политички партии. Имаа рок од 18 месеци за да отворат истраги и да финишираат со обвиненија. Тој рок истече на 30 јуни. Секое дејствие кое СЈО во оваа насока би го презело натаму е тешка повреда на законот. СЈО има обврска да го почитува законот и да ги уништи незаконските материјали. Доколку СЈО не постапи согласно закон и не ги уништи во соодветна постапка незаконски прислушуваните материјали, сноси сериозна одговорност и ги зголемува ризиците за натамошни уцени и политички притисоци врз сите кои биле цел на Верушевски, Заев и останатите обвинети од „Пуч“, појасни Костовски.
Ново на Сител
-
Земјотрес со јачина од 3.4 степени почувствуван во Охрид и Струга
-
Претреси во Струмица и Гевгелија, пронајдена дрога, уапсени три лица
-
Најмногу дожд наврна во Скопје
-
МЕПСО: Поради нискиот транзит на електрична енергија дојде до краткотраен испад на 110 киловолтната преносна мрежа
-
Алкалоид денеска во Атина го игра првиот натпревар од финалето во Европскиот куп против АЕК
-
Голем дел од Македонија се разбуди во мрак
-
Посебен режим на сообраќај во Скопје
-
Брод на мексиканската морнарица удри во Бруклинскиот мост, двајца мртви и 22 повредени