Македонија
23. April 2016 - 16:13

ВМРО – ДПМНЕ: СЈО е продолжена рака на СДСМ

Низата политички настапи на Специјалното јавното обвинителство ја стопи и онака малата доверба на Катица Јанева меѓу граѓаните. Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ велат дека единствената цел на специјалното обвинитество е да му дадат на Заев повод за протести по улиците и да го компензираат недостатокот на доверба која СДСМ ја има меѓу граѓаните.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека театралноста на прес конференциите на Јанева имаат за цел да го маскираат недостатокот на докази во предметите кои обвинителството ги отвора по нарачка на Заев. Поради тоа, како што велат од ВМРО-ДПМНЕ по налог на Јанева, странските амбасади им вршат притисок на судиите

Милошоски вели дека скандалозното однесување на Јанева и нејзините политички настапи не поминуваат кај граѓаните, а тоа го покажуваат и анкетите според кои, Заев е единствениот човек во Македонија кој има помала доверба меѓу народот од Специјалното обвинителство.

Дека Јанева работи по нарачка на СДСМ покажува и најавата на координаторот на советничката група на СДСМ во општина Гази Баба. Имено Дарио Николовски на 10 минути пред стартот на прес конференцијата на Јанева преку социјалните мрежи му се закани на градоначлникот Трајковски дека е следен на ред во Специјалното обвинителство бидејќи Јанева ќе отвори истрага за случајот Космос. Останува нејасно како Николовски знаел која ќе биде следната истрага на Јанева доколку таа, не била договорена во штабот на бихаќка.