ВМРО-ДПМНЕ: СЈО е партиска испостава на СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека СЈО е партиска испостава на СДСМ и оти има за цел спроведување на нарачаните хајки против врвот на нивната партија.
- Предметите кои СЈО ги покренува се правно неиздржани, без правни основи и докази, се засноваат на политички конструкции и се водат исклучиво против функционери на ВМРО-ДПМНЕ. Целта на монтираните случаи на СЈО е луѓето неосновано да се оцрнат, а партијата да се доведе во неповолна ситуација за претстојните локални избори, изјави Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ.
Според него, мерките кои СЈО ги бара се правно неаргументирани и служат само како материјал за медиумите на СДС за оцрнување на ВМРО-ДПМНЕ во очите на јавноста. Потсети на случајот „Триста“ кој, како што рече, се однесува на набавка на возила за потребите на МВР и исто како и сите други случаи на СЈО е политичка конструкција без основни докази.
- Случајот „Триста“ е подеднакво апсурден како и останатите кои ги поткренува СЈО. Никој од осомничените не се стекнал ниту со еден денар материјална корист, а СДС лажеше дека се краделе милијарди. Впрочем возилата уште се во сопственост на МВР и државата, а дел од тие кои беа набавени сега се во возниот парк на СЈО и ги управуваат нивните вработени, нагласи Костовски.
Тој потенцира дека сите случаи кои СЈО ги поткренало почнувајќи од „ТНТ“, „ТЕНК“, „Траекторија“ и други немаат правна аргументација и додаде оти барањата на мерките за претпазливост се неаргументирани и без основ.
- Предметите и обвиненијата на СЈО се типичен пример за политички конструирани случаи кои ниту еден суд нема да ги прифати. Целата хајка која СЈО/СДС ја водат против ВМРО-ДПМНЕ е со цел власта да може порелаксирано да ги исполни дадените ветувања за смена на името на државата, името на јазикот, името на нацијата и воопшто идентитетот, потенцира Костовски. Додаде дека ВМРО-ДПМНЕ и нејзините функционери работеле и работат согласно закон.
Ново на Сител
-

Што државата треба да преземе за да се справи со кризата
-

Тема на денот со Зоран Јовановски, економист
-

Психолог од Битола во притвор, осомничен во истрага за детска порнографија
-

Државата ќе проценува кои препораки за штедење гориво се применливи кај нас
-

Поскапе храната во светот, објави ФАО
-

Три нови услуги за високо образование воведени на порталот Е-услуги
-

Ректорите на државните универзитети потпишаа Меморандум со агенцијата ИНОВА: Поддршка за истражувања и студентски стартапи
-

СДСМ бара Уставен да ги укине измените на Законот за внатрешни, ВМРО-ДПМНЕ: СДС не треба да зборува за безбедноста
