ВМРО-ДПМНЕ: Сиромаштијата, корупцијата и неправдата не се и не може да бидат правиот пат

Доколку во минатото решавање на проблемот кој Грција го имаше со нашето име беше единствена причина за недобивање датум за преговори, сега проблем станува криминалот на Заев и неговата влада.
Сиромаштијата, корупцијата и неправдата не се и не може да бидат правиот пат за Македонија. Уништено здравство, земјоделие и образование не се и не може да бидат прав пат за Македонија. Граѓаните се соочуваат со илјадници провлеми, кои нема кој да ги реши, а Заев вели дека Македонија чекорела на добар пат. Патот до Европа не оди заедно со коруптивните скандали на власта, негрижата и неспроведените реформи.
Големиот арамилук на владата на СДСМ се гледа од Брисел. Заев во Македонија го инсталираше владеењето на криминалот, безредието, рекетирањето, наместените тендери и безперспективноста.
Единствениот прав пат за Заев е да поднесе одговорност за иселувањето на младите, но и за поигрувањето со пензионерите. Да понесе пдговорност за посрамотивањето и ја опустошувањето на Македонија.
На ЕУ не и треба влада која само декларативно ветува и лаже дека гарантира владеење на правото, а во своите редови има корумпирани политичари кои освен сопствениот џеб ништо друго не ги интересира.
Три години го чувствуваме „блескањето“, но решенија на проблемите нема. Македонскиот граѓанин не може да живее само со „ќе“ живот. Сиромаштијата и катастрофалните економски политики на Заев се правиот пат само за уништување на државата.
Само чесни политичари се одговорни пред граѓаните. На Зоран Заев народот ќе му ја испорача сметката на избори. Одговорност за неправдите и за огрешување пред законите ќе има.
Прогресот ќе настапи кога неспособната влада ќе си замине во историјата. Тогаш на Македонија ќе и се случи обнова која ќе го врати достоинството на земјоделецот, на младиот човек, на пензионерот, на работникот.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНE
Ново на Сител
-

Товарен брод нападнат во Ормуската Теснина
-

Анкета: Две третини од Американците веруваат дека земјата се движи во погрешна насока
-

Кремљ: Цените на нафтата може да се зголемат уште повеќе ако продолжат украинските напади врз руските објекти
-

Сиљановска Давкова - Хачатурјан: Ново поглавје во меѓусебните односи и можности за конкретна соработка во повеќе сектори меѓу Македонија и Ерменија
-

Израел го продолжи притворот на шпанскиот и бразилскиот активист од флотилата за Газа
-

Папата го одбележа Светскиот ден на слободата на медиумите, изразувајќи жалење за убиствата на новинари
-

Бројот на загинати во пукањето во турско училиште се зголеми на 10
-

26-годишен возач удрил пешак кој се здобил со сериозни телесни повреди
