-->
-->
ВМРО-ДПМНЕ: Синот на Талат Џафери полагал правосуден испит пред да стекне соодветно образование
-->
Скандалот со полагањето на правосудниот испит од срана на синот на Талат Џафери покажува дека институциите не реагираат соодветно за очигледна неправилност која излегла на виделина. ДКСК се прави ненадлежна, молчат од министерството за правда, молчат од Академијата за судии и обвинители, молчи Талат Џафери, молчи владата.Сите се прават недоветни и ја убедуваат јавноста дека може да се изгради кров на куќа без да се стават темели. Токму тоа се случило со Барлет Џафери, синот на Талат од Форино, кој полагал правосуден испит пред да го заврши мастер студирањето, односно пред да стекне законско право за тоа.
Да биде срамот поголем откако се откри овој скандал надлежните се оградуваат и ја префрлаат одговорноста на друг. Де ја нема документацијата, де не се надлежни, де застарено е, де ова де она. А синот на Џафери веќе е пред завршување на Академијата за судии и обвинители. Од кого се плашат институциите да зборуваат и да го отворат овој случај. Дали постои политички притисок ова да се забошоти? Дали постоел политички притисок со кршење на закон да се полага правосуден испит? Ова мора да се испита и да се санкционира секој оној кој ги прекршил законите. Ниту било каков автократ од Форино, ниту било каков коалициски владин интерес не смее да застане на патот на правадта.
Ова е многу сериозна работа. Зарем со кршење на норми може да се стане човек од правосудството? Ова е апсурдот на оваа власт. Полна им е устата со правна држава, а всушност молчат и одобруваат кршење на законот.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мицкоски: Ако поскапувањето на горивата продолжи, ќе се намали ДДВ-то
-

Нов протест на струмичките земјоделци, бараат почитување на договорените цени за „ајварката“
-

Мицкоски за изјавата на Јотова: Не навлегувам во дискусија со луѓе заглавени во минатиот век
-

Кос: Мора да се промени начинот на проширување на Европската Унија
-

Одбраната го оспорува градежното вештачење за „Пулс“
-

Вашингтон најавува економска офанзива против Иран - Санкции и за земјите што ќе му помагаат на Техеран
-

СДСМ: Цената на бенизите расте, нов удар врз стандардот на граѓаните
-

Мицкоски: Македонија има најниски цени на горивата, состојбата се следи и ќе се носат мерки
