ВМРО-ДПМНЕ: Сиљановска Давкова победи во најголем број општини

Картата е црвена. ВМРО-ДПМНЕ и Гордана Сиљановска Давкова победија во најголем број на општини во Република Македонија.
ВМРО-ДПМНЕ и Гордана Сиљановска Давкова со народот освоија повеќе гласови од првиот круг.
Членството на ВМРО-ДПМНЕ беше под константен политички прогон, власта се служеше со сите методи. Но одговорот го добија од народот. Сега да има предвремени парламентарни избори, ВМРО-ДПМНЕ ќе освои најголем број на пратеници.
Гордана Сиљановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ победија во: Зелениково, Аеродром, Гази Баба, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Сопиште, Петровец, Илинден, во Бутел е нерешено, победа има и во Битола, Велес, Кавадарци, Гевгелија, Прилеп, Кочани, Свети Николе, Штип, Босилово, Валандово, Василево, Вевчани, Виница Градско, Дебарца Демир Капија, Зрновци, Карбинци, Кратово, Кривогаштани, Лозово, Македонска Каменица, Македонски Брод, Могила, Неготино, Новаци, Пехчево, Пробиштип, Росоман, Старо Нагоричане, Чешиново Облешево и нерешено е во Радовиш.
ВМРО-ДПМНЕ продолжува заедно со народот. Оваа недемократска и ненародна власт мора да падне.
Граѓаните го кажаа своето. Падот на Заев е неминовен.
Народот гласаше за право и правдина наспроти криминал, корупција и непотизмот на Заев и СДСМ.
Народот гласаше против коруптивната шема по принципот „едно евро за црквата, едно евро за Вицето“.
Народот сака право и правдина. Предвремените парламентарни избори се неизбежни.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Рекордна наплата на македонските патарини - 67,6 милиони евра за една година
-

Ѓорѓиевски најави катна гаража на Клинички
-

Традиционално првојануарско оро во Дебар Маало
-

40 загинати и над 100 повредени во пожар за време на новогодишна прослава во Швајцарија
-

Бурна ноќ за полицијата и лекарите: Убиство, пресметки и тешки повреди од пиротехника
-

30 лица на Токсикологија
-

Првото бебе во новата година е девојче – 2026 ќе биде плодна и бериќетна
-

Среќна Нова 2026 година
